• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
Рада И. Маневска13:24 14 ноември 2017 ● Прочитано 3873

Работниците да ги пријават работодавачите кои им исплатиле минимална плата, а потоа ги побарале парите назад, апелираше денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска пред денешната середба со бизнисмените во Стопанската комора на која им беа презентирани активните мерки за вработување за годинава. 

- Мораме да го документираме ваквото однесување за да се спречи незаконитоста. Целосно ќе застанам зад секој работницик кој ќе пријави вакво незаконско работење – рече Царовска.

Министерката рече дека сите кои нема да исплатат минимална плата ќе бидат казнети. 

- Оние кои нема да исплаќаат минимална плата ќе бидат казнети, зашто законите мора да се почитуваат – рече Царовска.

Министерката очекува во наредните месеци компаниите да се охрабрат и да конкурираат за субвенциите кои се нудат за исплата на минимална плата без при тоа да се плашат од инспекции.

- Запозната сум дека некои компании од кожарската индустрија не можат да исплатат минимална плата. Затоа ги повикувам преку Стопанската комора да понудат решенија кои ќе ги разгледаме и ќе помогнеме - рече Царовска.

Таа информира дека минтиот месец само 2.300 компании побарале субвенции за исплаќање минимлана плата, а за овој месец допрва ќе се види, изјави министерката за труд и социјлана политика Мила Царовска пред денешната средба со бизнисмени во Стопанската комора на кои им беа презентирани активните мерки за вработување.

-  Во 90 отсто од компаниите во земјава се исплатени минималните плати што укажува на тое дека компаниите и досега можеле да ја исплатат минималната плата – рече Церовска.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Грчкиот Парламент одобри продажба на пристаништето во Солун

Денешната одлука доаѓа по приватизацијата во 2016 година на најголемото грчко пристаниште Пиреја со продажбата на мнозински дел на кинеската Коско.

Непопуларни мерки се на маса - кревање на придонесите и возраста за пензија

Се прави комплетна анализа на структурата на ПИОМ и се бара чаре како да се извади од долгот.

Ирфан Асани: Се согласив 5% од платата да давам за ДУИ, а не од буџетот на Железници

Против Државната комисија за спречување на корупцијата и нејзиниот претседател Асани ќе покрене соодветни правни постапки и кривични пријави.

Агенцијата за медиуми најмногу пари ќе потроши за плати

АВМУ покажала солидно ниво на транспарентност, но треба да си ја заврши и стратегијата за развој на аудиовизуелната дејност.

Тевдовски: Се зајакнува транспарентноста и контролата на јавните набавки

Согласно европските правила и практика, новиот закон нуди можност покрај цената во предметот на набавката да се вреднува и квалитетот.

НАЈЧИТАНИ