• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 74
Горан Наумовски13:59 14 ноември 2017 ● Прочитано 9764

Тројца агенти на Управата за безбедност и контраразузнавање, осум припадници на Бирото за јавна безбедност и еден телохранител од Шестата управа на МВР, кој бил задолжен за личната безбедност на поранешниот спикер Трајко Вељаноски, се првите 12 полицајци кои вчера добија отказ.

Внатрешната контрола на МВР со материјални докази утврдила дека тие директно биле дел од насилствата кои се случија на крвавиот 27 април годинава, кога во зградата на Собранието, насилници крвички претепаа низа пратеници, а најтешко минаа Зијадин Села, Зоран Заев и Радмила Шекеринска.

Оваа група, како што дознаваме, е првата од низата која што директно учествувала во насилниот инцидент. Целиот видео-материјал од безбедносните камери во и околу Собранието, изјавите на сведоците, како и снимките од телевизиските камери и телефонските снимки и други докази веќе се доставени до Јавното обвинителство на Македонија.

Од таму пак за Плусинфо велат дека против овие 12 избркани од МВР наскоро ќе следат и соодветни пријави. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Мисовски со аплауз седна во столчето на Џафери

Мисовски е првиот потпретседател во актуелниот собраниски сотав кој претседава со пленарна седница.

Во Велес ќе има две нови јавни претпријатија, за гас и за паркинзи

Коцевски најави и набавка на две нови возила за комунален отпад во високите стрмни делови од градот со тесни улички.

Заев: Максимална казна - јасна порака за случајот со девојчето од Домот „25 мај“

Ова монструозно нешто што му се случи на девојчето не треба да му се случи на ниту едно дете без разлика дали е во домовите или со своите семејства.

Шекеринска: Само со европско однесување на Балканот ќе дојдеме до резултати

Министерката за Дојче Веле вели дека Македонија е фокусирана на реформите, а членството во НАТО и ЕУ се можност за стабилен регион и економски развој.

Тунтев 10 години сонувал премиер како Зоран Заев

Тунтев 16 минути од собраниската говорница му се обраќаше на Заев со цитати од Мартин Лутер Кинг и со пофалби до премиерот.

НАЈЧИТАНИ