• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
Плусинфо14:10 14 ноември 2017 ● Прочитано 1105

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, во рамките на официјалната посета на владината делегација на Република Македонија на оваа земја.

Заев му честитатеш на претседателот Пахор на победата на тукушто завршените избори и на неговиот нов мандат како претседател на Република Словенија и му пренесе честитки и во името на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Премиерот Заев, во придружба на членовите на владината делегација во чиј состав беа и заменикот претседател на владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми, и државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски, истакна дека е уверен оти и во новиот мандат претседателот Пахор ќе ја продолжи својата искрена определба постојано да ја поддржува Република Македонија на меѓународен план, како што тоа беше и досега.

Заев го информираше претседателот Пахор за реформските процеси и соработката на владината коалиција во Македонија со опозицијата, за добрососедските односи, како и за прашањето на евро-атлантските процеси на нашата земја.

- Настојуваме пред нашиот парламент да настапиме со издржани и важни реформски закони во многу области за кои очекуваме и ќе стимулираме широка поддршка од политичките сили внатре во парламентот. Наша определба е и да ја зајакнеме улогата на парламентот после политичката криза и да ја вратиме довербата во институциите – нагласи премиерот Заев.

Во однос на евро-атлантските аспирации и процесот на нашата земја во таа насока, премиерот Заев информираше дека и на ова прашање се работи и се подготвуваат услови за политички консензус.

Претседателот Пахор истакна дека Словенија внимателно ја следи и ја одобрува добрососедската и регионалната политика на Република Македонија како еден од условите за членството во ЕУ и НАТО, и нагласи дека Република Словенија останува и понатаму силен поддржувач на Република Македонија во овие процеси.

Претседателот на Република Словенија, Борут Пахор нагласи дека искрено се надева дека многу бргу Република Македонија ќе биде следната членка на НАТО и дека со ЕУ наскоро ќе биде постигнат договор за старт на пристапните преговори.

Претседателот на Државниот збор на Република Словенија, д-р Милан Брглез, истакна дека неговата земја е секогаш подготвена на соработка и на проширување на односите и ја понуди целосната помош и поддршка во евро-атлантските аспирации на нашата земја, особено во процесот на парламентарната соработка на земјите од југоисточна Европа.

Со двете средби, со претседателот на Република Словенија Борут Пахор и со претседателот на словенечкиот Државен збор, заврши дводневната официјална посета на владината делегација на Република Македонија предводена од премиерот Заев. 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

За Лавров ширењето на НАТО кон Македонија е конфронтација

Сергеј Лавров на Ивица Дачиќ на свечена церемонија му го врачи Орденот за пријателство, со кој беше одликуван од рускиот претседател Владимир Путин.

Еден загинат, еден повреден во сообраќајка на обиколницата

Возачот на возилото „југо“ починал на самото место, а В.Ѓ. е пренесен во Клиничкиот центар Мајка Тереза.

Мицкоски жали за Ќосето

Според него, ова сценарио е за дефокусирање од вистинските теми.

Ѓорчев се повлече од координатор на ВМРО-ДПМНЕ, на негово место Драган Данев

За негови заменици се поставени пратениците Горан Манојловски и Драган Цуклев, соопшти Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Актерот Владо Јовановски доби куќен притвор

Мерката притвор за Јовановски е заменета со куќен притвор, а судот ќе му го одземе и пасошот.

НАЈЧИТАНИ