• 21 ноември 2017
  • Вести денес: 83
МИА14:14 14 ноември 2017 ● Прочитано 541

Најмалку 530 лица загинаа, а околу 7.500 се повредени во силниот земјотрес што го погоди западниот дел на Иран.

Епицентарот на земјотресот од неделата навечер по локално време, со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала бил во Ирак, во близина на границата со Иран, на околу 50 километри од иранскиот град Сарпол е Захаб. Регистрирани се два вторични земјотреси, со јачина од 7,2 и 7,3 степени по Рихтеровата скала, на длабочина од 19 и 25 километри под површина на земјата. Сеизмолошките служби соопштија дека земјотресот бил почувствуван и во Кувајт, Обединетите Арапски Емирати и Израел.

Од земјотресот, во Иран се засегнати седум провинции, каде има материјални штети во 1.650 градови и села. Целосно се разурнати 12.000 домови, а уште толку се оштетени.

Иранскиот претседател Хасан Рохани, кој денеска го посети погодениот регион, изјави дека најмногу оштетување претрпеле становите кои ги изградила државата и оти некој ќе треба да преземе одговорност за тоа.

Иранската државна телевизија соопшти дека потресот предизвикал голема штета, посебно во руралните делови на погодените провинции. Земјотресот предизвика и бројни лизгања на земјиштето, што многу ја отежна работата на спасувачките тимови.

Илјадници Иранци веќе втора ноќ по ред спијат на отворено. Дел од евакуираните луѓе се сместени во кампови, но се жалат дека освен вода, не добиле хуманитарна помош. Тие, исто така, се жалат дека не им се однесени ќебиња и грејни тела, во услови кога навечер температурата паѓа до нула степени.

Во Иран денеска е Ден на национална жалост за жртвите во земјотресот.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Росатом: Русија не регистрираше никаков инцидент или дефект на своите нуклеарни инсталации

Русија синоќа призна дека регистрирала радиоактивно загадување на делови од територијата на крајот од септември и почетокот на октомври.

Координација на армиите на Русија, Турција и Иран околу војната во Сирија

Началниците на генералштабовите на армиите на Русија, Иран и Турција се сретнаа денеска во руското летувалиште Сочи.

Чешката полиција побара укинување на имунитетот на мандатарот Бабиш

Чешката полиција денеска побара од Парламентот да го укине имунитетот на мандатарот за состав на нова Влада, Андреј Бабиш.

Советник на Меркел бара договор за нова влада во рок од три недели

Шефот на кабинетот на германската канцеларка ги повика потенцијалните коалициски партнери да постигнат договор во рок од три недели.

АИ:Дискириминацијата на Рохинџите е на ниво на нехуман апартхејд

Живот во Мјанмар и дискриминацијата кон Рохинџите се значително влошени во последните пет години.

НАЈЧИТАНИ