• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
Плусинфо15:07 14 ноември 2017 ● Прочитано 1466

Ибтихај Мухамед беше првата американска спортистка, која носеше хиџаб на Олимписките игри во 2016 година во Рио, а сега според неа е дизајнирана и првата барбика, во 58-годишната историја на компанијата, којашто носи хиџаб.

Уникатната барбика што наликува на олимпијката била презентирана на самитот Жена на годината на „Гламур“, како најновата кукла во барби-линијата „шеро“ (жени херои), проект што ги слави жените што имаат намера да инспирираат нови генерации.

- Возбудена сум што соработувам со бренд што знам дека оддава почит на моќни жени што уриваат бариери и чија цел е да влијаат врз идните лидери - изјавила Мухамед.

Барбиката за јавноста ќе биде достапна од есен 2018 година. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Ништо не може да го спречи роботот да ја исполни својата цел (ВИДЕО)

За движењата на роботот е задолжен софтвер, кој му овозможува да го усогласува неговото однесување во однос на пречките.

Во стан во Буенос Аирес пронајдени над 200 змии

За овој случај осомничено е едно лице, а змиите по ветеринарните прегледи ќе бидат вратени во нивните природни живеалишта.

Тест за Бил Гејтс - колку чини кило ориз во продавница (ВИДЕО)

Според неговата проценка, ќеса ориз чини пет долари, а вистинската цена е еден долар.

Новата цел на Маск - брз интернет во целиот свет

Маск очекува до средината на наредното десетлетие, проектот да работи во полн погон.

Полицаец во Египет спаси дете коешто паѓало од трети кат (ВИДЕО)

Момчето е неповредено, а полицаецот херој се здобил со полесни повреди.

НАЈЧИТАНИ