• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 6
Плусинфо15:11 14 ноември 2017 ● Прочитано 2382

Човекот што го предвиде она што никој не го очекуваше – победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори, како и тоа дека Британците на референдумот ќе гласаат за брегзит, ги открил своите нови предвидувања за 2018 година.

Терористички напади и револуција

Познатиот британски јасновидец Крег Хамилтон-Паркер тврди дека ќе се случи терористички напад на автопатот во Англија, ќе избие револуција во Северна Кореја која ќе го собори суровиот режим на Ким Џонг-ун, како и напад со дронови што ќе испуштаат хемиско оружје на европските градови, пишува „Индепендент“.

„2018 година ќе биде година на политички немири и природни катастрофи предизвикани од драматичното и непредвидливо време“, напишал Хамилтон- Паркер на својот блог.

Освен лошите вести, Хамилтон-Паркер предвидува и една убава вест, а тоа е дека британскиот принц Хари ќе ја запроси својата девојка, актерката Меган Маркл.

Овој Британец роден во Саутхемптон досега погодил низа терористички напади, меѓународната економска криза, како и тоа дека британската премиерка Тереза Меј ќе успее да се задржи на власт. Што се однесува до Соединетите Американски Држави, предвидел и дека Хилари Клинтон ќе замине од политиката во 2017 година, како и дека американски воен брод ќе биде потопен.
Во Европа, вели Хамилтон-Паркер, ќе дојде до сè поголеми културолошки разлики, а најлошо ќе биде во Германија и во Франција, како и дека ќе дојде до расни нереди и рации.

Природни катастрофи

Но, Хамилтон-Паркер тврди дека идната година ќе биде најлоша по прашањето на природните катастрофи и дека тоа било неговото прво предвидување за 2018 година.

„Природата ми е на врвот на листата, бидејќи претчувствувам дека во 2018 година ќе доживееме многу непредвидливи потреси, вулкански ерупции и чудно време.“

„Веќе неколку години зборувам дека ова можеме да го очекуваме – не само поради глобалното загревање, туку и поради интензивираната сончева активност. Веќе видовме ужасни урагани, но претчувствувам дека најлошото штотуку доаѓа.“

Хамилтон-Паркер вели дека ќе дојде до ерупција на Везув во Италија и дека Наполи ќе биде евакуиран, како и дека ќе биде интензивирана сеизмолошката активност – дури и на подрачјата што илјадници години биле без потрес, а сериозен земјотрес ќе го потресе и Нов Зеланд.

Силен ураган ќе ги уништи Карибите, пожари ќе избијат во Калифорнија и Австралија, а Кина и Индија ќе ги потопат поплави. Покрај сè, по јужните мориња ќе биде невозможно да се плови поради пукање на ледениот брег на Арктикот.

Духовен раст на човештвото

Сепак, Хамилтон-Паркер заклучува дека нема сосема да „пропаднеме“ и предвидува духовен раст на човештвото. Човештвото ќе доживее повисоко ниво на свеста.

„Многу пророштва се мошне мрачни, но чувствувам дека во исто време ќе се случи голем духовен раст, кој ќе го поведе светот во почетокот на златната доба“.

- Конфликтот и неволјите покрај природните катастрофи ќе ги обединат луѓето и ќе им ја запалат желбата за барањето на вистинските цели на човечкиот живот – заклучува Хамилтон-Паркер.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Маж ослепел на едно око после силен оргазам

Лекарите претпоставувувале дека тој во еден момент извел нешто што се вика Валсалвин маневар, односно дека ги напнал абдоминалните мускули.

Во Финска ќе се продава леб со сушени инсекти

Шефот на пекарското одделение на групацијата Фазер, Маркус Хелстром изјави дека во тестото на секоја векна ќе има по 70 сушени и сомелени штурци.

Девојче секс-роб во затвор поради убиство на силувачот

Сега ѕвездите како Ким Кардашијан, Кара Делавињ и Ријана користејќи ја својата моќ и влијание бараат правда за Синтоија.

Генијална идеја: автобуси кои возат на рециклирано кафе

Биогоривото со кое од денес ќе возат дел од лондонските автобуси се произведува со комбинација од масло од кафе кое се добива од отпадоците и дизел

Бугарин во Хрватска возел 240 километри на час

Возачот добил парична казна од 400 евра и едногодишна забрана за возење во Хрватска.

НАЈЧИТАНИ