• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Драгица Христова10:21 14 ноември 2017 ● Прочитано 4924

Под мотото „Жените и дијабетесот - нашето право на здрава иднина“ денеска се одбележува Светскиот ден на дијабетесот.
По тој повод, Сојузот на здруженија на дијабетичари во Македонија организираше настан на кој се обрати претседателот на Сојузот, Бојан Киров:

- Нашата порака која сакаме да ја испратиме оттука е дека 14 ноември е битен за нас, лицата со дијабетес во правец на подобрување на соработката и односите со институциите на системот, пред се, со министерството за здравство, Фондот за здравство и Агенцијата за лекови и секако, со медицинската фела која е за нас најбитната карика и дека наскоро соработката ќе вроди со плод и ние како пациенти нема да треба да се заморуваме со проблеми од типот на досегашните – квалитетот на инсулинот и редовноста во снабдувањето со инсулинска терапија. Знаеме дека тоа не може да се случи наеднаш, но се надеваме дека кај да е, со редефинирање на законот за паралелен увоз и со националната иницијатива за воведување на ИСО стандарди во поглед на апартчиња, гликометри и инсулински пумпи, се заедно ќе биде подобрено.

Секој десетти Македонец има дијабетес, а во Македонија во 2017 година бројката на дијабетичари достигнува околу 190.000 пациенти, кои се на возраст помеѓу 20 и 79 години, но се почесто и деца заболуваат од шеќерна болест.

- Оваа бројка покажува дека над 12 отсто од населението во Македонија има дијабетес. Околу 40.000 од нив се на инсулинска терапија, а останатите 150.000 лица се на стандардна терапија. Со дијабет од типот 1 се 4.500 лица, а останатите имаат дијабет од типот 2 – вели Гиров.

Според него, оваа бројка е постојано во подем, особено се зголемува од типот два. Тој предупредува дека секој месец по 1-2 дечиња се дијагностицираат со дијабетес, а бројката се повеќе расте на што влијае квалитетот на живот и нездравите навики.

За заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски не е точна информацијата дека дијабетичарите користат неквалитетни инсулини.

Според него, секако дека имало проблем, но лабораториите треба тоа да го потврдат.

- Во иднина се надевам дека нема тоа да се случува – вети Чакаровски и дополни дека дел од сомнежите се презентирани во јавноста, но лекарите ќе направат се тоа во иднина да не се случува.

Според Саша Јовановска – Мишевска, директорка на Клиниката за ендокринологија, бројот на пациентите расте и во светски рамки изнесува 415 милиони, а до 2040 година бројката ќе достигне над 600 милиони болни со дијабетес.

- Неопходни се мерки за превенција на шеќерната болест, а тоа е здрава исхрана и физичка активност – потенцира Јовановска-Мишевска и дополнува дека во последно време жените во репродуктивниот период се почесто се соочуваат со дијабетесот, особено додека се бремени.

На присутните им се обрати и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние кој ги сподели француските искуства во превенирањето на дијабетесот кои главно се однесуваат на едукација за правилна исхрана уште од најмала возраст.

Зголемениот број на лица со дијабетесот тип 2 е резултат на забрзаното темпо на урбанизација, стареењето на популацијата, седечки начин на живот, зголемена телесна тежина, недоволна физичка активност и поголем внес на нездрава храна. 
 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Состојби кај кои ракијата може да послужи како лек

На Балканот ракијата се смета за национален пијалок, а приказните за нејзината лековитост се премесуваат од колено на колено.

Зошто се здрави коските и како можат да ве препородат?

Освен супите од коски кои ги готвеа нашите баби, коските можат и да се испечат, а печената коскена срж да ви послужи како најдобар намаз за леб

5 начини да го исчистите црниот дроб

Телото ви дава знаци дека е полно со токсини со следните симптоми: главоболка, замор, болка во зглобовите, запек, гасови и надуеност.

Докиќ: Секој трет Македонец има алергии

Алергиите, особено оние од доменот на домашна прашина и целогодишните, се асоцирани со аерозагадувањето, вели проф. д-р Дејан Докиќ.

Кардиолог открива каков леб можеме да јадеме колку што сакаме

Според Стивен Гандри, кардиолог од Небраска, единствениот леб кој можеме да го јадеме без грижа на совест, воопшто не содржи житарки.

НАЈЧИТАНИ