• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо15:13 14 ноември 2017 ● Прочитано 1169

Кахијанг Ају, ќерка на претседателот на Индонезија, Јоко Видодо, се омажи на раскошна церемонија, на која биле поканети дури 8.000 гости. Ају има 26 години и е ќерка единица на индонезискиот претседател. Таа има еден помал и еден постар брат. Младоженецот е бизнисменот Мухамед Боби Афиф Насутион, кој се занимава со недвижности.

Традиција

Свадбената церемонија и парадата во рамките на венчавката се одржале во средата, во родното место на претседателот, градот Суракарта, познат и како Соло, во централна Јава. Учесниците во парадата носеле костими со етно-мотиви од сите делови на оваа земја. Пред венчавката, родителите на невестата ги објасниле деталите од јаванската традиција. Целата нација во живо на телевизиските екрани можела да ја следи свадбената парада на индонезиските канали, а подоцна и веселбата во ресторанот.
На свадбата присуствувале многу политичари, но немало звучни меѓународни имиња, бележи Би-би-си.

Благослов

Церемонијата ја водел претседателот Јоко Видодо, додека заменик-претседателот Јусуф Кала и лидерот на Индонезискиот совет, Маруф Амин, биле сведоци од страна на невестата.

- Ја давам раката на мојата ќерка Кахијан Ају на Мухамед Боби Афиф Насутион, син на покојниот Ервин Насутион, со мираз од молитвена облека и 80 грама злато - изјавил Видодо на церемонијата.

Како дел од традицијата, настанот почнал кога генералот на армијата побарал од Видо и od првата дама на Индонезија, Ириjана, да дадат дозвола нивната ќерка да се омажи. Откако бил даден благослов, церемонијата почнала.

Народ, претседател

Освен 8.000 гости, кои официјално биле поканети, илјадници луѓе излегле на улиците на Суракарта да ја проследат венчавката. Претседателот исто така организирал и превоз на гостите на венчавката. Целта била на венчавката да учествуваат сите општествени сталежи, а и народот да заработи нешто.

Јоко Видодо бил прв градоначалник на Соло, а потоа и гувернер на Џакарта, пред да стане претседател во 2014 година. Тој е седми претседател на 260-милионската држава, кој често се нарекува Јокови и доста е популарен кај Индонезијците.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

НАСА откри тунели на Месечината

Околу екваторот на Месечината откриени се околу 200 слични отвори, а новите се откриени на Северниот пол.

НАСА објави слики од наоблачениот јупитер

Леталото се наоѓало веднаш над јужниот пол на планетата, што значи дека успешно ги снимило нејзините различни слоеви од долу нагоре.

Ѝ наплаќаат станарина на својата петгодишна ќеркичка

Мојата петгодишна ќерка мора да ни плаќа за кирија и сметки, вели една мајка во својот пост на Фејсбук

Пост на една мајка за сајбербулинг кој речиси ја уништил нејзината 17.годишна ќерка

Можеби не сфаќаат колкава е штетата што ја прават додека седат зад своите лаптопи, таблети или телефони, но оваа девојка поради ова завршила во болниц

ОН: Светот рапидно се затоплува

Просечната температура во 2017 година е повисока за околу 0,46 степени Целзиусови од температурата измерена во периодот од 1981 до 2010 година.

НАЈЧИТАНИ