• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 6
МИА15:19 14 ноември 2017 ● Прочитано 1104

Владата нема да иницира промени во Законот за медиуми со кој би се регулирала работата на порталите, но е отворена за сугестии за законот доколку професионалните здруженија сметаат дека има потреба од тоа.

Ова го изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска одговарајќи на новинарско прашање по средбата со претставникот за медиуми во ОБСЕ Харлем Дизер.

- Промените во Законот за медиуми, ако има потреба, треба да дојдат по барање од медиумските работници. Мислам дека ни треба консензус како општество ако треба да го отвориме ова прашање - истакна Манчевски.

Тој додаде дека Македонија има сериозен проблем со лажните вести.

- Ние сме извор на феик њуз на глобално ниво, но работиме заедно и веќе разговарав со претставникот за медиуми на ОБСЕ Харлем Дезир, но и со други наши помагачи како може ова прашање на глобално ниво да го адресираме. Ние како Македонија, како мала земја сме прилично голем играч во областа на феик њуз и во рамки на Глобалниот самит за Западен Балкан што ќе се одржи на пролет ќе има посебен панел само за ова. Ќе ги поканиме сите големи медиуми и меѓународни организации затоа што сакаме заеднички да дебатираме - истакна министерот Манчевски.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Дончев: Фирмата на кумот на Груевски увезувала фалсификувани лекови

Лековите се произведени од сомнителен извор, а спакувани во оригинални амбалажи, кои во Македонија доаѓаат преку т.н. паралелен увоз, вели Дончев.

Министрите со мини-бус до Струмица

„Добрососедство. МКБГ во Струмица“, напиша министерката Радмила Шекеринска во краткиот коментар до фотографијата.

Димитров: Ако јас направам беља ќе кажам дека тоа бил Никола Попоски (ВИДЕО)

Димитров на Жаре му откри и многу интересен детал од времето кога беше советник на претседателот Борис Трајковски.

Џафери: Мајка Тереза е симбол на безгранична хуманост, љубов и грижа

Мајка Тереза е симбол на безгранична хуманост, на љубов и грижа токму кон оние кон кои животот бил немилосрден, изјави во Пореч, Талат Џафери.

Патријархот Неофит до Радев: Ќе бараме позитивно решение со МПЦ

Патријархот го уверил Радев во добрата волја на Бугарската патријаршија да се бараат патишта за успешно решавање на ова прашање.

НАЈЧИТАНИ