• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
Плусинфо15:22 14 ноември 2017 ● Прочитано 816

Разгледување на македонската иницијатива за склучување договор за соработка во областа на туризмот и седница на Мешовитата комисија и унапредување на економската соработка, беа темите на разговор на  средбата на министерот за економија Крешник Бектеши и неговиот словенечки колега, Здравко Почивалшек денеска  во Љубљана.

Како што соопшти Министерството за економија, на средбата било истакнато дека  Македонија и Словенија, имаат континуирано успешна економска соработка. Словенија редовно е на листата значајни инвеститори во Република Македонија, а во однос на надворешно - трговската размена, е 12-та земја во 2016 година со која Македонија остварува најголем обем. Билатералната трговија во првите осум месеци годинава бележи раст во споредба со истиот период лани за 11,7 отсто при што извозот е зголемен за 15,3, а увозот за 10,1 отсто.

„Бектеши му предложи на својот словенечки колега во првата половина на идната година да се одржи 11. седница на Мешовитата комисија по Спогодбата за стопанска соработка меѓу двете земји со оглед дека редовното одржување седници ќе ја отвори можноста за избор на заеднички проекти за подобрување на трговијата и економската соработка, како и можност за нови инвестиции во Република Македонија“ стои во соопштението.

Министрите се согласиле дека сите заеднички иницијативи говорат за одличната основа за натамошна плодна економска соработка која се очекува да биде продлабочена и зајакната со нови, заеднички проекти.

Средбата меѓу министрите за економија се одржала во рамки на официјалната посета на македонската владина делегација, предводена од премиерот Зоран Заев, на Словенија. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Грчкиот Парламент одобри продажба на пристаништето во Солун

Денешната одлука доаѓа по приватизацијата во 2016 година на најголемото грчко пристаниште Пиреја со продажбата на мнозински дел на кинеската Коско.

Непопуларни мерки се на маса - кревање на придонесите и возраста за пензија

Се прави комплетна анализа на структурата на ПИОМ и се бара чаре како да се извади од долгот.

Ирфан Асани: Се согласив 5% од платата да давам за ДУИ, а не од буџетот на Железници

Против Државната комисија за спречување на корупцијата и нејзиниот претседател Асани ќе покрене соодветни правни постапки и кривични пријави.

Агенцијата за медиуми најмногу пари ќе потроши за плати

АВМУ покажала солидно ниво на транспарентност, но треба да си ја заврши и стратегијата за развој на аудиовизуелната дејност.

Тевдовски: Се зајакнува транспарентноста и контролата на јавните набавки

Согласно европските правила и практика, новиот закон нуди можност покрај цената во предметот на набавката да се вреднува и квалитетот.

НАЈЧИТАНИ