• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 6
Стојанка Митреска15:57 14 ноември 2017 ● Прочитано 2289

Сашо Поцевски, претседател на Советот за утврдување на факти за Плусинфо вели дека е во тек сослушувањето на судиите против кои има поднесено претставки за несовесно работење и дека очекува до крајот на месецов да дадат изјави сите судии кои беа повикани во Советот.

Откако повиканите ќе бидат сослушани, правосудното тело кое ја утврдува одговорноста на судиите по жалби за нивната работа ќе излезе со став за секој судија поединечно, дали ќе ја запре постапката или пак ќе му предолжи на Судскиот совет да утврдува нивна одговорност.    

Први во Советот требаше да бидат повикани тројца судии од Кривичниот суд кои одлучуваа за притворите на пребегнатите Горан Грујевски, поранешниот шеф на Петатата управа и  Никола Бошкоски, вработен во УБК, а кои се уште се наоѓаат во затвор во Солун од каде што се очекува да бидат екстрадирани во Македонија. Судиите за кои ќе се утврдува одговорност се обвинети дека со своите одлуки им овозможиле да избегаат на обвинетите во предмети на Специјалното јавно обвинителство.

- Ние си ја вршиме нашата работа како и досега совесно и професионално. Сите судии ги подигнаа поканите за да присуствуваат на седницата на Советот, освен судиите од Врховниот суд - вели Поцевски.

Во врска со најавите за укинување на ова тело составено од истакнати пензионирани правосудни кадри, Поцевски, смета дека не е во духот на заложбите за реформи во судството кога тие почнуваат со укинување на ова најпрофесионално, најнезависно и најстамено правосудно тело.

- Во Советот за утврдување факти членуваат судии, адвокати, обвинители и професори по судското право, кои целиот свој работен век го посветиле на професијата и со својата работа во Советот го потврдија своето високо професионално и одговорно работење. Потребно е реформирање на Судскиот совет, а не укинување на телото во кое за многу краток период од основањето се водени повеќе од 60 постапки против судии - вели Поцевски.

Според него, настојувањето на луѓето што ги кројат реформите, во новиот Судски совет да го вклопат и утврдувањето на одговорноста на судиите е само потврдување на нереформскиот и застарен принцип „кадија те тужи, кадија те суди“.

Фактите во прилог на Советот за утврдување на одговорноста на судиите велат дека за нецела година и половина, членовите на ова тело обработиле дури 1.200 иницијативи (претставки) поднесени од граѓани и правни лица за несовесно и нестручно работење на судиите и на претседателите на судовите во Република Македонија. За седум судии се поднесени и барања за утврдување на одговорност и за разрешување на поедини судии и претседатели на судовите до Судскиот совет.

Одговорите за епилогот на постапките покренати во Советот, вели Поцевски, треба да се бараат во Судскиот совет, а не во телото кое навреме си ја завршило својата работа. Тој истакнува дека на ниту еден судија досега за кого имало иницијатива за несовесно работење не му бил нарушен дигнитетот затоа што се придржувале до законската обврска за дискретна, нетранспарентна и тајна постапка се додека таа не заврши пред Судскиот Совет.

Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија беше конституиран на 17 декември 2015 година, а поради опструкции со кои се соочувале неговите членови, практично почна со работа во март 2016 година. 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Дончев: Фирмата на кумот на Груевски увезувала фалсификувани лекови

Лековите се произведени од сомнителен извор, а спакувани во оригинални амбалажи, кои во Македонија доаѓаат преку т.н. паралелен увоз, вели Дончев.

Министрите со мини-бус до Струмица

„Добрососедство. МКБГ во Струмица“, напиша министерката Радмила Шекеринска во краткиот коментар до фотографијата.

Димитров: Ако јас направам беља ќе кажам дека тоа бил Никола Попоски (ВИДЕО)

Димитров на Жаре му откри и многу интересен детал од времето кога беше советник на претседателот Борис Трајковски.

Џафери: Мајка Тереза е симбол на безгранична хуманост, љубов и грижа

Мајка Тереза е симбол на безгранична хуманост, на љубов и грижа токму кон оние кон кои животот бил немилосрден, изјави во Пореч, Талат Џафери.

Патријархот Неофит до Радев: Ќе бараме позитивно решение со МПЦ

Патријархот го уверил Радев во добрата волја на Бугарската патријаршија да се бараат патишта за успешно решавање на ова прашање.

НАЈЧИТАНИ