• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо15:55 14 ноември 2017 ● Прочитано 1226

Првата група членови на 26-та бугарска Национална антарктичка експедиција утре заминуваат за островот Ливингстон, кој е дел од архипелагот Јужен Шетланд крај западниот брег на Антарктикот.

Како што соопшти денеска раководителот на експедицијата, директорот на Бугарскиот антарктички институт, Христо Пимпирев, деветмината членови на тимот би требало да пристигнат во бугарската антарктичка база „Св. Климент Охридски“ на островот Ливингстон пред крајот на годината.

- Учесниците на експедицијата ќе имаат тешка задача да ја одржуваат базата во услови на тешка поларна зима, правејќи ги потребните поправки и создавајќи услови за работа на следните групи научници, изјави Пимпирев.

Според него, паралелно со овие активност, тројца експерти од групата ќе започнат со истражувања од областа на геологијата, сеизмологијата и геодезијата. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

НАСА откри тунели на Месечината

Околу екваторот на Месечината откриени се околу 200 слични отвори, а новите се откриени на Северниот пол.

НАСА објави слики од наоблачениот јупитер

Леталото се наоѓало веднаш над јужниот пол на планетата, што значи дека успешно ги снимило нејзините различни слоеви од долу нагоре.

Ѝ наплаќаат станарина на својата петгодишна ќеркичка

Мојата петгодишна ќерка мора да ни плаќа за кирија и сметки, вели една мајка во својот пост на Фејсбук

Пост на една мајка за сајбербулинг кој речиси ја уништил нејзината 17.годишна ќерка

Можеби не сфаќаат колкава е штетата што ја прават додека седат зад своите лаптопи, таблети или телефони, но оваа девојка поради ова завршила во болниц

ОН: Светот рапидно се затоплува

Просечната температура во 2017 година е повисока за околу 0,46 степени Целзиусови од температурата измерена во периодот од 1981 до 2010 година.

НАЈЧИТАНИ