• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо16:10 14 ноември 2017 ● Прочитано 3867

Градоначалникот на Штип Благој Бочварски донираше 30.000 денари за операција на седумгодишната штипјанка Валерија Зафировска, за чија операција на тумор на мозокот се потребни 40.000 евра.

- Ќе се видам со претседателот на Советот, претходниот состав на Советот сè уште го нема земено последниот паушал, но ние ќе разговараме за средствата кои ќе ги добијат, дали и советниците можат да донираат. Јас би ги поттикнал да го направат тоа бидејќи сега е моментот да покажеме солидарност, да бидеме хумани бидејќи е важно за нашиот град да покажеме како во идниот период треба да се бориме за секој живот. Штип е солидарен град и јас имам некои идеи по овој основ, бидејќи се соочувам со многу луѓе кои немаат пари за лекување дома или во странство, или да заминат и до Скопје, па да направиме еден солидарен фонд, една сметка да отвориме солидарна, на која секој месец правни и физички лица ќе донираат колку можат и од таму да се донираат средства на оние кои имаат потреба од тоа - рече Бочварски.

Тој најави дека утре ќе бидат уплатени околу 10.000 денари од општинската сметка на сметката за лекување на девојчето.

За Валерија се донира на жиро сметката 300081000001938 Комерцијална банка АД Скопје Дознака: Валерија Зафировска –хуманитарна сметка. 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

МЗ: Комисија ќе истражува како починала родилката во приватната болница

Родилката починала во четвртокот, а во болницата требало да се породи со своето прво дете.

Магла на Плетвар видливост од 50 до 100 метри

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Стевананџија Данев и Димовски најдолго на собраниската говорница

Димитар Стевананџија од мај до август лани дискутирал 236 минути, Драган Данев со 233 минути и Илија Димовски 221 минута.

Пратениците ја почнуваат расправата за намалување на патните трошоци

За следната недела се најавени седници на три комисии кои ќе расправаат по предлото за измени на два закона од страна на СДСМ.

Пожар во стан во Карпош, нема повредени

Пожарот е изгаснат и е причинета само материјална штета, нп нема повредени.

НАЈЧИТАНИ