• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
Плусинфо16:25 14 ноември 2017 ● Прочитано 601

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски денеска ја оствари својата прва работна средба со претставници на Здруженијата на граѓани од областа на спортот, културата и млади и со претставници на други невладини организации.

Првиот човек на градов пред присутните ја претстави својата визија и начинот за работа со здруженијата и организациите, а тие ги доставија своите предлози, иницијативи, програми и планови за работа за 2018 година.

Се дискутираше и за можните решенија на проблемите со кои тие се соочуваат во текот на работењето.

На крајот на средбата беше заклучено дека дел од предложените активности на овие здруженија ќе бидат дел од програмите за работа на надлежните сектори при општина Охрид.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

За Лавров ширењето на НАТО кон Македонија е конфронтација

Сергеј Лавров на Ивица Дачиќ на свечена церемонија му го врачи Орденот за пријателство, со кој беше одликуван од рускиот претседател Владимир Путин.

Еден загинат, еден повреден во сообраќајка на обиколницата

Возачот на возилото „југо“ починал на самото место, а В.Ѓ. е пренесен во Клиничкиот центар Мајка Тереза.

Мицкоски жали за Ќосето

Според него, ова сценарио е за дефокусирање од вистинските теми.

Ѓорчев се повлече од координатор на ВМРО-ДПМНЕ, на негово место Драган Данев

За негови заменици се поставени пратениците Горан Манојловски и Драган Цуклев, соопшти Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Актерот Владо Јовановски доби куќен притвор

Мерката притвор за Јовановски е заменета со куќен притвор, а судот ќе му го одземе и пасошот.

НАЈЧИТАНИ