• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
МИА16:51 14 ноември 2017 ● Прочитано 1164

Вишиот суд во Белград денеска им изрече условни казни на четворица обвинети за опожарувањето на американската Амбасада во Србија во 2008 година, додека тројца други се ослободени од обвинението поради недостиг на докази.

На седумината обвинети им се судеше за „предизвикување опасност по животите на луѓето и имотот“, бидејќи во февруари 2008 година по митингот под мотото „Косово е Србија“, организирано дошле пред тогашната Амбасада на САД во центарот на Белград и ја нападнале зградата со камења, факели и со други предмети, предизвикувајќи пожар.

Четворица од обвинетите се осудени на шест месеци условна казна, додека останатите тројца беа ослободени поради недостиг на докази. Сите обвинети за време на судењето изјавија дека се невини.

Во претходен процес, обвинетите беа осудени на условни казни од 6 до 10 месеци, но Апелацискиот суд во Белград ги поништи пресудите со образлоѓеное дека казните биле „неразбирливи и противречни“.

Според добиените документи од Амбасадата на САД во Вишиот суд, оштетувањето на зградата било проценето на 900.000 долари, но дипломатската мисија не побарала надомест на штета.

 Пет српски високи полициски офицери веќе седум месеци се во очекување на покренување обвинение околу одлуката дипломатските мисии да останат незаштитени со повлекување на обезбедувањето, со што овозможиле амбасадите да бидат нападнати и запалени.

На последната средба на американскиот дипломат Хојт Брајан Ји со српскиот претседател Александар Вучиќ беше повторено инсистирањето на САД на решавање на случајот со опоѓаеувањето на Амбасадата на САД во Белград во 2008 година. 
 

Американската амбасада во Белград  оцени дека е несфатливо што не се казнети со затвор обвинетите за опожарувањето на нејзината зграда во 2008 година, откако белградскиот Виш суд им изрече условни казни на четворица обвинети, додека тројца други беа ослободени од обвинението поради недостиг на докази.

„Тешко да се сфати конечниот исход на пресудата, што ниту еден од седумте обвинети, од кои четворица во присуство на законски застапници признале дека учествувале во сериозен прекршок, не се осудени на затворски казни“, се вели во соопштението на Амбасадата на САД во Белград по повод денешната пресуда.

Американската амбасада наведува дека „ја примиле на знање пресудата што денеска ја издаде Вишиот суд во Белград“.Ж

„Тешко е да се сфати дека се потребни девет години за да се донесе пресуда во случај на имотна штета од речиси половина милион долари и за смрт на едно лице“, се додава во соопштението.

Во реакција по пресудата, Амбасадата на САД потсетува дека според меѓународното право, земјата домаќин е одговорна за заштита на странските дипломатски мисии.

Потсетуваме дека српската полиција се повлече од своите вообичаени контролни пунктови во близина на Амбасадата на САД, само неколку минути пред нападот. Оние кои се одговорни за овој чекор никогаш не одговараа, се вели во соопштението.

Американската амбасада констатира дека се уште не е покрената постапка по обвинението поднесено од Обвинителството против пет полициски офицери во мај годинава.

„Американската амбасада го поддржува владеењето на правото, но бара и да се задоволи правдата во случајот со нападот врз зградата на Амбасадата во февруари 2008 година“ се истакнува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Собири низ светот против Трамп и сексуалното возменирување

Протестот во Њујорк е еден од над 200 такви акции кои викендот се планирани низ светот.

Во пожар во индиска фабрика за петарди загинаа најмалку 17 лица

Дванаесет противпожарнии возила три часа го гаснеа огнот.

Меркел: Бугарија да ја забрза европската интеграција на Западен Балкан

Меркел, која е во посета наСофија на покана на премиерот Бојко Борисов, истакна дека Бугарија многу добро се подготвила за претседавањето со ЕУ.

Нападнат хотел во Кабул, се пука во гостите (ВИДЕО)

Се претпоставува дека напаѓачите се талибанци кои ги ликвидираат гостите.

Турција бомбардира цели во северозападна Сирија

Дел од турските медиуми објавија дека група борци на сириската опозиција, поддржана од Турција, се упатила кон Африн како дел од турската офанзива.

НАЈЧИТАНИ