• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо17:01 14 ноември 2017 ● Прочитано 615

По повод Светскиот ден на дијабетесот градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски оствари средба со здружението на граѓани со дијабетес „Светлост за нас“. На средбата Јованоски вети финансиска поддршка и просторија за работа во старата општинска зграда, со цел да се создадат елементарни услови, ова здружение коешто постои неколку години во Прилеп, да може непречено да функционира.

- Остваривме средба со членовите на здружението на граѓани со дијабетес од Прилеп. Се договоривме за начинот и темпото за понатамошната наша соработка. Локалната самоуправа да им обезбеди простор во еден дел од старата општинска зграда, а Здружението ќе го помогнеме и финансиски. Бројот на граѓани со дијабетес расте постојано, не само во Прилеп, туку и во светот. Дијабетичарите имаат посебен третман и начин на живот, затоа ќе ги поддржиме во секој поглед. Овие луѓе мора да функционираат како сите останати граѓани. Сакам да им го честитам Светскиот ден на дијабетесот и годинешното мото ‘Менувањето на дијабетесот’, што треба да се насочи во вистински правец. А голем дел од нив со овој проблем се соочуваат уште од мали нозе - изјави градоначалникот Јованоски.

Од здружението на граѓани побараа во иднина да се надминат проблемите со неквалитетен инсулин, од кој велат починале заболени со оваа болест.

- Денеска сме премногу возбудени, бидејќи конечно добивме простории и поддршка од локалната самоуправа. Досега јас упорно барав просторија за здружението, но не ни беше дадена таква помош. Во изминативе 2 години имавме голем проблем со квалитетот на инсулинот, започнувајќи од мене. Сите пациенти имавме тешки моменти со хипогликемии и хипергликемии. Одржувавме состаноци со Комисијата за дијабетес во Скопје, но постојано ни беше кажувано дека инсулинот е квалитетен. Последиците кај пациентите се огромни. Многу членови на здружението починаа. Сето ова е последица на инсулинот. Се надеваме дека во 2018 година ќе добиеме најнови инсулини и дека поквалитетно ќе се лечиме - изјави Мирјана Димеска, претседател на здружението на граѓани со дијабет „Светлост за нас“.

Бројот на заболени граѓани од дијабетес во општините: Прилеп, Кривогаштани и Долнени изнесува околу 3.960 лица. Оваа бројка е во постојан подем особено кај младата популација.

Според некои податоци во Прилеп од дијабетес се заболени 5 отсто од граѓаните, а 10 до 15 отсто имаат латентен дијабетес, односно и сами не знаат дека се болни од оваа болест, а последиците ги чувствуваат после извесен период.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

МЗ: Комисија ќе истражува како починала родилката во приватната болница

Родилката починала во четвртокот, а во болницата требало да се породи со своето прво дете.

Магла на Плетвар видливост од 50 до 100 метри

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Стевананџија Данев и Димовски најдолго на собраниската говорница

Димитар Стевананџија од мај до август лани дискутирал 236 минути, Драган Данев со 233 минути и Илија Димовски 221 минута.

Пратениците ја почнуваат расправата за намалување на патните трошоци

За следната недела се најавени седници на три комисии кои ќе расправаат по предлото за измени на два закона од страна на СДСМ.

Пожар во стан во Карпош, нема повредени

Пожарот е изгаснат и е причинета само материјална штета, нп нема повредени.

НАЈЧИТАНИ