• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 6
МИА17:22 14 ноември 2017 ● Прочитано 755

Семејства со ниски годишни примања, со или без деца, пензионери на кои им биле скратени пари од здравственото и пензиско осигурување во изминатите години ќе добијат дел од социјалниот додаток што вчера вечер, преку обраќање до јавноста го соопшти грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Вкупната сума издвоена за бонусот за социјално загрозените Грци и оние кои во изминатите години беа жртви на кризата изнесува 1.4 милијарди евра.

За првата категорија која опфаќа 3.4 милиони граѓани предвидени се 720 милиони евра кои ќе бидат распределени во зависност од годишните примања, имотната состојба и семејниот статус.

Семејствата со две деца, со годишен приход од 6.000 евра ќе добијат 900 евра, оние со 12.000 евра годишно, сега ќе добијат помош од 700 евра, а за приход од 18.000 евра, предвиден е бонус од 500 евра.

За брачни двојки без деца, со годишен приход од 4.000, 9.000 или 13.500 евра, предвидени се 675, 525 и 375 евра.

Додека пак за едночлените домаќинства кои имаат годишни примања во висина од 3.000, 6.000 и 9.000 евра, социјалниот додаток, според Ципрас, ќе биде 450, 350 и 250 евра соодветно.

Втората категорија се однесува на пензионерите на кои им биле задржани и скратени пари од здравствените придонеси во периодот од1 јуни 2012 до 30 јуни 2016. За нив Владата одвои 315 милиони евра кои ќе бидат распределени за пензионери кои сега имаат пензии во висина од 1.100, 1.200 и 1.300 евра. Првите ќе добија 240, вторите 370, третите 450 евра.

Останатиот износ од предвидените 1,4 милијарди евра, односно 360 милиони евра ќе бидат доделени на државната компанија за електродистрибуција за да ги покрие трошоците за следната година за социјалните услуги кои се вклучени во сметките за струја, а со тоа ќе се избегне дополнително покачување на сметките.

Во 14 минутното, ненадејно и ненајавено обраќање до граѓаните, грчкиот премиер говореше за тоа што до сега го направила неговата Влада, за намалување на невработеноста во Грција, за буџетот кој оваа година има примарен суфицит, но и за излез од кризата во август следната година.

Социјалните додатоци на грчката влада во висина од 1,4 милијарди евра, ќе треба да бидат изгласани во грчкиот Парламент, а предизвикаа негативни реакции од опозициските партии кои говорат за пари на граѓаните собрани од огромните даноци.

И минатата година, кусо пред Божиќ, грчкиот премиер најави бонуси, кои тогаш беа во висина од 617 милиони евра.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Реакција на банките доверители на „Фени Индустри“

Ниту „Фени индустри“ ниту „Кунико“ немаат валиден договор за репрограмирањена обврските кон банките, се вели во реакцијата на трите банки-довери.

Анѓушев и Караниколов: Имаме потенцијал за зголемување на соработката

Нагласија дека постои можност за соработка и формирање заеднички претпријатија.

Околу 1.600 вработени по Рамковен уште ќе нишаат врата за плата

Секретаријатот за спроведување на рамковниот формирал работна група која ќе ги пронајде институциите во кои не е спроведена правичната застапеност.

Со многу труд и пари Коридорот 8 ќе излезе од ќорсокак

На македонска територија сè уште не се обезбедени пари за третата делница, од Крива Паланка до границата со Бугарија.

ЕЛЕМ е првиот клиент на изумот сензор за мерење на сончева енергија

Компанијата ќе го искористи изумот за изнаоѓање најдобра локација за изградба на фотонапонска централа.

НАЈЧИТАНИ