• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
МИА17:24 14 ноември 2017 ● Прочитано 4910

Во рамките на засилената кампања за депортирање на илегални имигранти од САД, од Детроит е депортирана и 50-годишната Црногорка, Захрија Пуровиќ, која во земјата живеела 30 години и таму израснала три деца, јавија американсиите медиуми.

Во 2001 година, Пуровиќ и нејзиниот поранешен сопруг биле повикани да дадат изјави пред американската Служба за имиграција и натурализација (ИЦЕ), при што Пуровиќ рекла дека се запознале во САД, додека сопругот изјавил дека биле во брак пред да дојдат во земјата. Поради ова несогласување, агентите на ИЦЕ почнале постапка за депортирање на Пуровиќ и минатата недела издејствувале депортација и покрај нејзината жалба до Апелациски суд.

Разделбата на Пуровиќ со нејзините деца и блиски пријатели беше снимена и објавена на социјалните мрежи, како и од медиумите од Детроит. Една од нејзините пријателки загубила свест при разделбата на аеродромот во Детроит.

- Ова е бесмислена одлука за депортација. Мојата клиентка немала никакво криминално досие и побарала азил во САД и во тек е процес пред Шестиот апелациски суд. ИЦЕ ја депортира во држава во која мојата клиентка не влегла 30 години -, изјави адвокатката на Пуровиќ, Кери Пастор, за локалните медиуми.

Со изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, американските власти го засилија депортирањето на илегалните доселеници, согласно неговото ветување дека ќе воведе ред во имигрантската политика. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Собири низ светот против Трамп и сексуалното возменирување

Протестот во Њујорк е еден од над 200 такви акции кои викендот се планирани низ светот.

Во пожар во индиска фабрика за петарди загинаа најмалку 17 лица

Дванаесет противпожарнии возила три часа го гаснеа огнот.

Меркел: Бугарија да ја забрза европската интеграција на Западен Балкан

Меркел, која е во посета наСофија на покана на премиерот Бојко Борисов, истакна дека Бугарија многу добро се подготвила за претседавањето со ЕУ.

Нападнат хотел во Кабул, се пука во гостите (ВИДЕО)

Се претпоставува дека напаѓачите се талибанци кои ги ликвидираат гостите.

Турција бомбардира цели во северозападна Сирија

Дел од турските медиуми објавија дека група борци на сириската опозиција, поддржана од Турција, се упатила кон Африн како дел од турската офанзива.

НАЈЧИТАНИ