• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 106
Плусинфо17:27 14 ноември 2017 ● Прочитано 1083

Сè е подготвено за откупот на тутунот од годинашнава реколта. Заверени се и подигнати мострите, а деветте откупувачи во земјава имаат банкарски гаранции дека ќе го платат откупениот род и може уште утре да почнат со откуп, вели Кире Неделковски, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија.

Сојузот денеска во Скопје го одржа последниот состанок со тутунските здруженија пред почетокот на откупната кампања.

- Сèе подготвено и нема никакви забелешки за почетокот на откупот на тутунот во земјава. Деветте откупувачи на тутун веќе имаат обезбедено банкарска гаранција дека ќе го платат откупениот род. Заверени се и подигнати мострите и уште утре откупувачите може да го преземаат родот. Подготвени се над 160 откупни пунктови во земјава каде ќе се презема тутунот и ние, како Сојуз имаме одредено повереници. Утре е најавено откупот да го почне фирмата „Пашовски“, а веќе на 16 ноември со откуп ќе почнат големите откупни претпријатија: Прилепскиот тутунски комбинат, Сокотаб од Битола, Алијанса од Кавадарци и грчката фирма „Секе“ - изјави за МИА Неделковски.

Годинава родот е помал, но е далеку поквалитетен и Неделковски очекува да се постигне повисока цена.

- Поради сушата и проблемите при расадувањето на тутунот пролетта, родот годинава е помал, но е многу квалитетен. Очекуваме род од 22 000 тони, а откупувачите во земјава имаат планирано да откупат 26 000 тони. Тоа значи дека ќе има побарувачка за тутунот и тутунарите треба да постигнат повисоки цени - вели Неделковски.

Од Прилепскиот тутунски комбинат потврдуваат дека се подготвени за почетокот на откупот на тутунот и пунктовите ќе ги отворат на 16 ноември.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

КСС се сретна со владин тим, а утре ќе протестира

Од страна на владиниот тим им било ветено дека одговори на барањата ќе добијат наредните денови.

Тевдовски на Euromoney: Од 2019 ќе почнеме со среднорочно буџетирање

Една од клучните придобивки е дека ќе го промениме начинот на планирање и ќе се подобри таргетирањето.

Откупени над 1,8 милиони килограми квалитетен тутун од струмичкиот регион

Досега се откупени над еден 1,8 милиони килограми квалитетен тутун од струмичкиот регион.

Грција планира инвестиции во обновливи енергенси во Македонија

ДЕИ планира инцестиции во ветерници и соларни капацитети,кои ќе бидат делумно финансирани од Европската банка за обнова и развој и од Светската банка

Младинските работни акции можат да го обноват Тетово

И денес може да се организираат акции на локално и на регионално ниво, преку невладините, подмладоците на партиите, вели писателот Дамјановски.

НАЈЧИТАНИ