• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 6
Плусинфо17:36 14 ноември 2017 ● Прочитано 1813

Како што се разжестуваа контроверзите околу конфедералните споменици во САД, Американците се свртеа кон Европа во потрага по корисни аналогии. Со многуте крвави страници во своите историски книги, стариот континент постепено оди подалеку од дилемата „задржи или уништи“ во справувањето со она што Германците го нарекуваат материјал Zeugnisse, или материјални сведоци на историјата, пишува Леонид Бершидски за Блумберг.

Отстранувањето на политички оптоварените статуи секогаш се чини како практично решение: отстранете ги од јавните површини и ќе има повеќе мир, бидејќи различните радикални движења ќе бидат лишени од местата за собирање. Впрочем, спомениците се пред сѐ политичка изјава, а потоа и уметнички дела. На градските власти во Мариенфелс во германската држава Рајнланд -Палатинат им олесна кога во 2004 непознати луѓе го уништија споменикот на еден СС корпус, подигнат во градот од група негови ветерани во 1971: тоа место беше центар на неонацистички демонстрации. Кога никој не сака да го преземе уривањето од владините раце, честопати се чувствува принуден да дејствува како што направија балтичките држави со советските споменици кои беа заштитени со енергични протести на проруското малцинство. Ниту еден град или држава не сака да го има проблемот на Шарлотсвил во своите раце.

Дури и мислењето на една влада да се отстрани споменик станува контроверзно, но не за долго: луѓето кои се собирале на протести околу статуата веќе нема да ги привлекува тој празен простор. Поранешниот берлински плоштад Ленин на кој беше поставена огромна статуа на рускиот револуционерен лидер е добар пример: некогашната сцена на живи левоориентирани протести против отстранувањето на статуата, сега е мирна како плоштад на Обединетите нации.

Уривањето, меѓутоа, претставува поинаков проблем, подолгорочен. Дали луѓето ќе имаат ист интерес за повознемирувачките приказни од минатото на нивната земја ако ги снема визуелните потсетници? Колку луѓе ќе гуглаат за да дознаат кои биле генералот Ли или Ернст Тајман или белгискиот крал Леополд II ако нивните појави се отстранат од јавните површини? Секоја одговорна демократска влада треба да сака да го задржи интересот на луѓето на настаните што предупредуваат, не само на приказните кои се инспирација за патриотизам.

Понекогаш функционира директниот пристап. Чешкиот град Литомисл го задржал споменикот на сограѓанинот Зденек Неједли, кој бил комунистички министер за образование и за чие време се вршеле чистки на универзитетите, но исто така многу придонел за зачувување на музичкото наследство на својата земја; властите додале плочка на која пишува дека Литомисл „ги цени добрите дела и ги осудува неговите лоши постапки“. Тоа секако е компромис што не би функционирал баш добро во случаи кога прашањата за доброто и лошото се водат во вжештена јавна дебата што се зголемува, ниту кога „лошите дела“ се поекстремни. Леополд II е прославен како градител на Брисел и одвратен човек кој, на времето како приватен сопственик и безмилосен експлоататор на Конго, бил одговорен за смртта на околу 10 милиони луѓе таму. Плакета на која пишува дека Брисел „го цени доброто, а го осудува лошото“ најверојатно би било нешто полошо отколку воопшто да нема плочка.

Можеби најдоброто нешто што може да го направи едно модерно општество во врска со контроверзните споменици е да престане да ги третира или како свети или како опасни.

Современите уметници знаат и за десакрализација и за привлекување на вниманието. Понекогаш слободата да се приближат на спомениците им помага на луѓето да ги постават вистинските прашања за историската личност.

Во текот на 2015 во Хамбург, на австрискиот уметнички колектив Штајнбренер / Демпф и Хубер им беше дозволено да постават скулптура на планинска коза на врвот на гигантската статуа на канцеларот Ото фон Бизмарк (неговата глава е висока 1,8 метри). Бизмарк е класичен случај на „и добро и лошо“: креаторот на општата здравствена заштита во Германија, исто така помогна да се создаде арогантната, воинствена, моќна Германија која ја изгуби Првата светска војна. Тој е инспирација за некои германски политичари, но презрен како империјалист од други, предмет на митови и заблуди. Козата му даде ѓаволски рогови, но ја нагласи и неговата огромна важност. Глетката беше толку впечатлива што не можев да не ја проучувам козата, а потоа и актуелните ставови за историската улога на Бизмарк. Таква е очигледно реакцијата на Фондацијата Ото фон Бизмарк, која ја проучува оставината на државникот. Нивниот коментар беше: „Постојат два Бизмарка: вистинскиот и митологизираниот основач на државата. Првиот е извалкан со неопишани графити во подножјето на споменикот. На врвот на вториот стои алпско копитарско животно за време на месецот јули“.

Оваа година, Украина заврши прилично со напорите да се ослободи од сите советски споменици. Некои од нив беа отстранети (вклучително и неколку кои служеа како фокус на моќни конструктивистички урбани целини), други невешто беа преправени во украински херои. Но, се издвојува еден споменик на Ленин кој се наоѓа во кругот на една фабрика во Одеса: Локалниот скулптор Александар Милов го преработи Ленин во убедлив Дарт Вејдер. Традиционалната поза на масовно произведените споменици на Ленин - раката која го фаќа реверот на јакната - сè уште е препознатлива за некој кој пораснал околу овие безбројни статуи. Но, некако се вклопува во горделивата поза на Вејдер.

Честопати општините немаат храброст да продолжат со ваков вид на уметнички проекти. Во Берлин, откако на колосалниот Ленин на плоштадот Ленин му беше отстранета главата како прва фаза на отстранувањето, Партијата на зелените предложи глава на некоја друга истакната меѓународна личност да се става на рамениците на статуата на секои 10 години.

Уметникот Манфред Буцман предложи да се засади бршлен на основата на споменикот кој би пораснал над обезглавениот Ленин. Двете идеи беа одлични - но наместо тоа статуата беше срушена.

Ние треба да им оддадеме признание на германските политичари: тие одлучија да не се уништуваат многуте комунистички статуи во Источна Германија, поучени од искуството со чистењето на сите нацистички споменици. Денес, сѐ уште може да се видат Телман и Маркс, честопати замачкани со графити, кои секогаш ги потсетуваат Германците за нивното искуство со социјалистичкиот советски режим. Овие статуи се зрели за уметничко реинтерпретирање кое нема сосема да ја уништи нивната вредност како спомени од помрачните времиња.

Давањето на уметниците слободно да се изразат врз спомениците е атрактивно, бидејќи нивните идеи можат да бидат храбри и неполитички. Меѓутоа, тоа е ризичен предлог за внатрешно поделените земји кои сѐ уште се бават со старите битки. Непочитувањето имплицира одреден степен на јавен консензус и одредена дистанца од историските настани, што дозволува иронизирање.

Се чини дека САД сѐ уште не се подготвени за вакво нешто, иако Граѓанската војна се водеше за времето на Бизмарк, но пред појавата на Ленин. Јасно е од дискусијата за спомениците на Конфедерацијата дека луѓето сé уште заземаат страна во таа војна, а оние кои се совпаѓаат со победниците не ги сакаат спомениците на губитничката страна - пристап кој може да предизвика непријатни аберации.

На пример, Берлин нема споменици на Хитлер, но сепак, советскиот споменик во Трептовер Парк има позлатени цитати од Јосиф Сталин, еднаквиот на Хитлер во идеолошки мотивираната безмилосност - но тој е победник.

Можеби, како привремено решение, САД би можеле да имаат корист од идејата од 1990-тите, изнесена од австрискиот уметник Алфред Хрдлицка, кој предложи Источна и Западна Германија да си ги разменат спомениците. Откорнати од своето место и преселени на територијата на другата страна, спомениците на различните херои од Граѓанската војна би можеле да помогнат да се излечат поделбите и постепено да се дојде до поотворен став кон урбаните скулптури. Тогаш уметноста може да ги преземе.

Подготви: А.Ј.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Стоп за стабилократијата, зајакнување на демократските институции

Важно е Европската Унија да ги научи лекциите од македонското искуство.

Монако во следните десет години очекува околу 2.700 нови милионери кои ќе бараат станови

Принципатот речиси целосно остана без станови и градежно земјиште што се нудат на продажба, а има се повеќе заинтересирани купувачи.

Медиумите пред објавување на пресудата на Младиќ: „Кампања на солзи“

Наместо за тоа за што е обвинет и зошто му се суди на Ратко Младиќ насловните страници пресудата ја чекаат со текстови за здравствената состојба.

Политички земјотрес во Берлин, што сега?

Математички и политички се исцрпени сите опции освен евентуално малцинска влада на Ангела Меркел за која шансите се минимални.

НАЈЧИТАНИ