• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо18:09 14 ноември 2017 ● Прочитано 2003

Управниот одбор на Агенцијата за вработување во 2013 донел две одлуки со кои определува право на трошоци за репрезентација за директорот и поранешниот заменик-директор за сума од 320 илјади денари, но не донел одлука за оваа намена за актуелниот заменик-директор.

Ревизорите од увидот во деловодните книги утврдиле дека се исплатени 793 илјади денари повеќе од износот определен со одлукит, пишува Макфакс. 

Утврдено е дека во Агенцијата не постои правилник за репрезентација, кој треба да определи на кој начин функционерите би ги користеле средствата за таа намена. На 23 јуни Управниот одбор на Агенцијата за вработување донел одлука со која директорот ќе добива по 500 илјади денари годишно за трошоци за репрезентација, а неговиот заменик по 150 илјади денари годишно. Од Агенцијата за вработување во одговорот до ревизорите наведуваат дека во тек е и усвојување правилник за начинот на кој во иднина ќе се делат пари за репрезентации. Одговорноста за наодите на ревизијата е за време на мандатот на поранешниот директор Влатко Поповски. Државната ревизија во дел од забелешките утврди и дека на некои од членовите на Управниот одбор на АВМР им е истечен мандатот.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Анѓушев: Процесот на продажба на ЕДС ќе биде транспарентен (ВИДЕО)

И ВМРО ДПМНЕ не си верува на обвинувањата, ако верува тогаш имаме сериозен проблем бидејќи не можат да си излезат од своите оф шор шеми, вели Анѓушев.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Груевски ја воведоа обврската граѓаните да станат ДДВ обврзници

Владата на СДСМ ја разгледува можноста за зголемување на прагот за станување ДДВ обврзник.

Алексовска: СДСМ наместо да враќа ДДВ ги оданочува граѓаните

Секој оној кој заработува годишно над 16.000 евра, СДСМ одлучува да го казни и да го задолжи да се регистрира и како ДДВ обврзник, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Компаниите не пројавиле интерес за саемот „Зелена недела “ во Берлин

Министерот за земјодлество Љупло Николовски присуствуваше на форумот одржан во рамки на саемот на тема сточарство.

Американската влада делумно парализирана, Сенатот не донесе привремен буџет

Се очекува делумната парализа на работата на Владата на САД да почне од денеска.

НАЈЧИТАНИ