• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 6
МИА18:15 14 ноември 2017 ● Прочитано 392

Специјалното обвинителство на Црна Гора покрена обвинение против опозицискиот лидер Небојша Медојевиќ, под сомнеж за криминално здружување и за перење пари.

Заедно со Медојевиќ, се обвинети уште осум лица, објави Вишиот суд во Подгорица до кого било поднесено обвинението.

Медојевиќ, кој е лидер на Движењето за промени (ПзП), една од партиите членки на црногорската опозициска коалиција Демократски фронт, оцени дека обвинението е „нормално и очекувано“.

„Не се напаѓаат слабите, туку силните. Ние ќе го победиме сето ова бидејќи ние ја застапуваме вистината. Само сложно, само силно!“, напиша Медојевиќ на својот профил на Твитер како одговор на обвиненијата.

Извор од Обвинителството информира дека по шестмесечна истрага обвинителите дошле до „несоборливи докази“ дека повеќе лица „испрале стотици илјади евра во интерес на ПзП“.

Според Обвинителството, Медојевиќ во соработка со уште еден од осомничените, „осмислил криминален план“ со цел во легалните текови да се вклучат незаконски стекнати пари од градежни активности на фирмата „Градитељ“ од Тиват.

- Целта била тие средства да не се прикажат како приход пред надлежните органи и на тој начин да се избегне плаќањето на законските обврски - нведува изворот од Обвинителството. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Уапсени 400 трговци со луѓе, спасени 500 жртви

Интерпол соопшти дека околу 500 лица, вклучувајќи и 236 малолетници, биле спасени во истовремени операции во Чад, Мали, Мавританија, Нигер и Сенегал.

Во ЕУ годишно се случуваат 215.000 сексуални кривични дела

Најголем број сексуални кривични дела се регистрирани во Англија и Велс - 64.500 од кои 38.500 силувања.

Кондолиза Рајс се вклучуива во дијалогот Белград- Приштина

Во фокусот на информацијата не е само вклучување на САД во бриселските преговори, туку и заживување на идејата за именување на специјален претставник

Прогласена епидемија на мали сипаници во Ниш

Општата здравствена состојба на заболените пациенти е добра, без компликации.

Индиски министер за здравство: Карциномот е Божја правда

Пациенти кои боледуваат од рак и опозициските партии побараа јавно извинување од министерот.

НАЈЧИТАНИ