• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо19:30 14 ноември 2017 ● Прочитано 400

Руското Министерство за надворешни работи денеска реагираше на критиките кои британската премиерка Тереза Меј ги упати кон Русија за злоупотреба на медиумите за политички цели.

Според портпаролката на руското Министерство, Марија Захарова, британската премиерка дала неодговорна и неоснована изјава.

- Нејзините изјави делуваат цинично имајќи ги предвид британските активности во Ирак и Либија од кои настрадаа милиони лица и се дестабилизираа цели региони, изјави Захарова.

Според неа, Велика Британија се соочува со политички проблеми по одлуката да ја напушти Европската унија и одбрала да се конфронтира со Москва претставувајќи ја Русија како надворешен непријател.

Во своето обраќање вчера, Меј го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека „се обидува информациите да ги претвори во оружје“, дека ги поттикнувал судирите во источна Украина и ја организирал анексијата на Крим, како и за мешање во внатрешните политички прашања на западните земји преку хакирање и објавување на компромитирачки информации.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Собири низ светот против Трамп и сексуалното возменирување

Протестот во Њујорк е еден од над 200 такви акции кои викендот се планирани низ светот.

Во пожар во индиска фабрика за петарди загинаа најмалку 17 лица

Дванаесет противпожарнии возила три часа го гаснеа огнот.

Меркел: Бугарија да ја забрза европската интеграција на Западен Балкан

Меркел, која е во посета наСофија на покана на премиерот Бојко Борисов, истакна дека Бугарија многу добро се подготвила за претседавањето со ЕУ.

Нападнат хотел во Кабул, се пука во гостите (ВИДЕО)

Се претпоставува дека напаѓачите се талибанци кои ги ликвидираат гостите.

Турција бомбардира цели во северозападна Сирија

Дел од турските медиуми објавија дека група борци на сириската опозиција, поддржана од Турција, се упатила кон Африн како дел од турската офанзива.

НАЈЧИТАНИ