• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 106
Плусинфо19:36 14 ноември 2017 ● Прочитано 469

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше средба со претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ Арлем Дезир, на која било истакнато дека медиумите се меѓу најважните столбови на едно демократско општество и затоа мора да се преземат сите неопходни мерки за новинарите да се чувствуваат безбедни и слободни да ја извршуваат својата работа.

Како што соопшти МВР, министерот Спасовски ја потенцира соработката на Министерството за внатрешни работи со здруженијата на новинарите и партнерскиот однос со новинарите и нивните здруженија со цел полесно да се решаваат евентуалните проблеми во иднина. Тој ја потенцира посветеноста на МВР за расчистување до крај на сите случаи со напади врз новинари кои се случија во минатото.

Спасовски го запознал Дезир со реформите во МВР и мерките кои се преземаат за целосно да се врати довербата на граѓаните во полицијата.

- Двајцата соговорници се согласија за интензивирање на и досега добрата соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и ОБСЕ, се наведува во соопштението од МВР.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Кекеновски до Нимиц: Македонија да го продолжи членството во ОН под уставното име

Во македонскиот Устав веќе има одредби дека Република Македонија нема територијални претензии кон сите соседни држави.

Ахмети: Опозицијата не смее да биде исклучена од решението на спорот за името

Има неколку моменти кои треба добро да се менаџираат и да се внесе во овој процес и опозицијата, вели Ахмети.

Началникот на ГШ на АРМ на заседание на воениот комитет на НАТО во Брисел

На состаноците на воениот комитет активно учество имаат и постојаните воени претставници во командата на НАТО...

Владата и КСС - за социјален дијалог и заеднички решенија

Претставниците на КСС на состанокот ги информираа претставниците на Владата за состојбите во остварувањето на работничките права.

Мицкоски се сретна со францускиот амбасадор Тимоние ВИДЕО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна и дека е загрижувачка насоката во која се движи економијата на државата и изрази сомнеж за капацитетот на властите

НАЈЧИТАНИ