• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо20:23 14 ноември 2017 ● Прочитано 2319

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев беше главен говорник на панелот „Македонија – вртење на нова страница“, кој се одржа во рамките на „Трансатлантскиот економски форум – Градење мостови на Медитеранот“.

Вицепремиерот своето излагање го започна со краток осврт на политичките состојби во земјата пред и по формирањето на новата Влада. Тој истакна дека помеѓу министрите во Владата постои високо ниво на ентузијазам и позитивен дух, што е препознаено и кај граѓаните, но и кај меѓународната заедница кои даваат голема поддршка за Владините политики.

- Довербата од граѓаните на политиките и визиите на Владата се потврдија и на локалните избори во Македонија, кадешто од 81 општина, владеачката коалиција освои дури 70 градоначалнички места. Треба да се знае дека претходно, водечката партија на власта, СДСМ, имаше само 4 градоначалници. Ова најдобро илустрира дека граѓаните ги препознаа квалитетните политики и ентузијазмот на новата Влада - потенцираше вицепремиерот.

Тој посочи дека главни стратешки приоритети на Владата се членството во НАТО и ЕУ, бидејќи членството во овие организации е привилегија со која се добиваат нови вредности, сигурност, безбедност, можност за економски раст и развој.

За причините поради кои Владата добива голема поддршка од граѓаните и меѓународната заедница, вицепремиерот посочи:

- Прво, оваа Влада цврсто одлучи своите одлуки да ги носи на најтранспарентен и најдемократски начин. За сите прашања, особено за оние најсуштинските, се консултираме со експертите, науката, меѓународната заедница и со пошироката јавност. Второ, цврсто решивме Македонија да биде алка на соединување на земјите на Западен Балкан, а не камен на спрепнување. И трето, доста трошевме пари за споменици. Нам ни требаат инвестиции во инфраструктура: во патишта, железница, гасификација. Спомениците не носат напредок, без инфраструктура нема просперитет.“

Вицепремиерот голем дел од своето обраќање одвои за економските политики на Владата, кои се врвен приоритет кога станува збор за подобрување на животниот стандард. Трите главни столба за економски просперитет според вицепремиерот Анѓушев се поддршката на стопанството, инвестиции во инфраструктурата и енергетската стабилност на Република Македонија.

- Потребите на граѓаните и на македонското стопанство се приоритет на Владата и токму по тие потреби ги креираме економските политики, кои се главен фокус во работата на Владата - потенцираше Анѓушев.

Тој истакна дека главна цел на Владата е да создаде стабилно бизнис опкружување за инвеститорите како и правна рамка со која секој инвеститор ќе може да биде сигурен дека неговата инвестиција е заштитена и дека законите важат за сите подеднакво. Владата е отворена и ранспарентна, а со Планот за економски раст се обезбедува одржливост на економијата и секој инвеститор однапред ќе знае каква поддршка може да очекува од Владата, без да мора да се спогодува со претставници на власта.

„Владата преку програмата за економски раст ќе работи на поддршка на унапредување на технолошките и производствените процеси на компаниите, со цел да станат поконкурентни пред се на меѓународните пазари. Основната цел е да се подигне стандардот на нивното работење и да им се овозможи осовременување и модернизирање на постоечките капацитети и истите да може своите производи да ги пласираат на меѓународни пазари или да станат доверливи и сигурни добавувачи на светски познати компании. Ќе работиме на поддршка на домашните и странските компании, малите, средни и големи компании, резултатите од таа поддршка ќе се рефлектираат преку нови работни места, повисоки плати и зголемен извоз “, нагласи вицепремиерот.

Вицепремиерот Анѓушев и во оваа прилика ги реафирмираше ставовите на Владата дека странските компании се добродојдени во Република Македонија и упати повик до компаниите од САД и од земјите од Медитеранот да се запознаат со Планот за економски раст и да размислат своите идни инвестиции да ги остварат токму во Република Македонија. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Анѓушев: Процесот на продажба на ЕДС ќе биде транспарентен (ВИДЕО)

И ВМРО ДПМНЕ не си верува на обвинувањата, ако верува тогаш имаме сериозен проблем бидејќи не можат да си излезат од своите оф шор шеми, вели Анѓушев.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Груевски ја воведоа обврската граѓаните да станат ДДВ обврзници

Владата на СДСМ ја разгледува можноста за зголемување на прагот за станување ДДВ обврзник.

Алексовска: СДСМ наместо да враќа ДДВ ги оданочува граѓаните

Секој оној кој заработува годишно над 16.000 евра, СДСМ одлучува да го казни и да го задолжи да се регистрира и како ДДВ обврзник, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Компаниите не пројавиле интерес за саемот „Зелена недела “ во Берлин

Министерот за земјодлество Љупло Николовски присуствуваше на форумот одржан во рамки на саемот на тема сточарство.

Американската влада делумно парализирана, Сенатот не донесе привремен буџет

Се очекува делумната парализа на работата на Владата на САД да почне од денеска.

НАЈЧИТАНИ