• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 104
МИА20:30 14 ноември 2017 ● Прочитано 570

По изборите во Косово време е да почне имплементирањето на договорот од Брисел меѓу Белград и Приштина, кој досега не е спроведен во целост, изјави денеска во Њујорк, раководителот на Мисијата на Обединетите нации на Косово (УНМИК), Захир Танин при претставувањето на тримесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за состојбата во Косово.

- Сите страни мора да ја одиграат својата улога, изјави Танин на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово.

Тој го поздрави интегрирањето на 40 српски судии и 13 обвинители во косовскиот правосуден систем, но нагласи дека се уште не е формирана Заедницата на српски општини, како што е договорено во Брисел.

Според Танин, нема доволно волја да се реализира овој дел од договореното, кој Србија го смета за најважна точка од договорот од Брисел.

Танин оцени и дека дијалогот меѓу двете страни бил закочен поради парламентарните и локалните избори на Косово.

Авганистанскиот дипломат воедно ја поздрави иницијативата на српскиот претседател Александар Вучиќ за внатрешен дијалог во Србија по прашањето на Косово, како и одговорот на албанскиот премиер Еди Рама дека Албанија и Косово би учествувале во таков дијалог.

На седницата свои ображања имаа и српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, како и косовската амбасадорка во САД, Влора Читаку.

Според Дачиќ, неопходно е Србите протерани од Косово да се вратат во своите домови, да им се врати нивниот имот и да им се гарантира правото на сопственост, како и да се формира договорената Заедница на српски општини.

 

Дачиќ побара и судски процеси против водечките команданти на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК), кои сега се во врвот на косовската политика.

- Поаѓајќи од фактот дека конечно е целосно дефинирана правната рамка за отворање и водење на соодветни постапки пред Специјалниот суд за воени злосторства извршени на Косово и Метохија, очекуваме неодложно да почнат и да се водат кредибилни судски процеси против сите лица осомничени за злосторства врз Србите и другите неалбанци, изјави Дачиќ.

Читаку возврати дека е неточно тврдењето на Дачиќ оти 200.000 Срби биле протерани од Косово. Таа ја обвини Србија за ангажирањето на генералот Владимир Лазаревиќ, кој беше осуден за воени злосторства извршени на Косово, како предавач во Воената академија во Белград.

- Што може човек осуден за силување на жени и за депортирање на стотици илјади цивили да ги научи младите кадети во Србија?, изјави Читаку.

Таа воедно побара од Обединетите нации да ја сменат структурата на УНМИК, велејќи дека оваа мисија веќе не треба да има ниту мировна, ниту административна функција.

Читаку ја повика Србија „да престане да го злоупотребува“ Советот за безбедност на Светската организација и да го попречува приемот на Косово во Обединетите нации. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Црногорскиот министер за европски прашања поднесе оставка

Црногорската Агенција за борба против корупција оцени дека Пејовиќ има судир на интереси.

Вториот човек на УНИЦЕФ поднесе оставка поради непристоен однос кон жени

Форсајт, кој во УНИЦЕФ работи од 2016 година, претходно им се извини на жените, кои се почуствувале навредени поради неговото однесување.

Сорос подготвува план како да се соочи со моќта на Фејсбук и Гугл

Сорос минатата година му донирал 180.000 долари на Институтот за отворени пазари.

Ирачките власти и предадоа на Русија четири жени и 27 деца поврзани со ИД

Во ирачките судови има стотици предмети против странци приведени заедно со нивните деца од август, по падот на бастионите на ИД.

Талибанци убија осум полицајци во напад во централен Авганистан

Портпаролот на гувернерот на провинција наведе дека талибанците го нападнале полицискиот контролен пункт од четири страни, користејќи тешко оружје.

НАЈЧИТАНИ