• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 6
МИА21:36 14 ноември 2017 ● Прочитано 1009

Најмалку пет лица загинаа, а две деца се повредени денеска, кога вооружен маж отвори оган во градот Ранчо Техама во северниот дел на американската сојузна држава Калифорнија.

Според полицијата, напаѓачот пукал по жртвите по случаен избор, по што бил убиен од еден од замениците на локалниот полициски шериф.

Кај напаѓачот била пронајдена полуавтоматска пушка и два пиштоли.

Инцидентот се случи во близина на основно училиште во 8 часот по локално време (17 часот по средноевропско време).

Според полицијата, најверојатно станува збор за „инцидент поврзан со семејно насилство“.

Ранчо Техама се наоѓа на 184 километри северно од главниот град на Калифорнија, Сакраменто.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Уапсени 400 трговци со луѓе, спасени 500 жртви

Интерпол соопшти дека околу 500 лица, вклучувајќи и 236 малолетници, биле спасени во истовремени операции во Чад, Мали, Мавританија, Нигер и Сенегал.

Во ЕУ годишно се случуваат 215.000 сексуални кривични дела

Најголем број сексуални кривични дела се регистрирани во Англија и Велс - 64.500 од кои 38.500 силувања.

Кондолиза Рајс се вклучуива во дијалогот Белград- Приштина

Во фокусот на информацијата не е само вклучување на САД во бриселските преговори, туку и заживување на идејата за именување на специјален претставник

Прогласена епидемија на мали сипаници во Ниш

Општата здравствена состојба на заболените пациенти е добра, без компликации.

Индиски министер за здравство: Карциномот е Божја правда

Пациенти кои боледуваат од рак и опозициските партии побараа јавно извинување од министерот.

НАЈЧИТАНИ