• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 6
Плусинфо22:35 14 ноември 2017 ● Прочитано 5064

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, во вечерашното интервју на Телевизија 24, вели дека тој разговарал со Крсто Мукоски, кој му го кажал дека не давал инструкции на толпата која упадна во Собранието на 27 април, и додаде дека тоа е само перцепција на водителот. 

На прашања поврзани со разговорите од „бомбите“, Мицковски одби да одговара.

- Не сакам да коменирам разговори кои се нелегално стекнати. Немаме потврда ни дали се автентични. Тоа ќе почекаме да завршат судските процеси - рече Мицковски.

За генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, нормално е во ситуации како упадот со Собрание, Чавков да комуницира со партискиот лидер.

- Логично е во такви ситуации министри да комуницираат со партиски лидери - смета Мицковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Дончев: Фирмата на кумот на Груевски увезувала фалсификувани лекови

Лековите се произведени од сомнителен извор, а спакувани во оригинални амбалажи, кои во Македонија доаѓаат преку т.н. паралелен увоз, вели Дончев.

Министрите со мини-бус до Струмица

„Добрососедство. МКБГ во Струмица“, напиша министерката Радмила Шекеринска во краткиот коментар до фотографијата.

Димитров: Ако јас направам беља ќе кажам дека тоа бил Никола Попоски (ВИДЕО)

Димитров на Жаре му откри и многу интересен детал од времето кога беше советник на претседателот Борис Трајковски.

Џафери: Мајка Тереза е симбол на безгранична хуманост, љубов и грижа

Мајка Тереза е симбол на безгранична хуманост, на љубов и грижа токму кон оние кон кои животот бил немилосрден, изјави во Пореч, Талат Џафери.

Патријархот Неофит до Радев: Ќе бараме позитивно решение со МПЦ

Патријархот го уверил Радев во добрата волја на Бугарската патријаршија да се бараат патишта за успешно решавање на ова прашање.

НАЈЧИТАНИ