• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 0
МИА22:47 14 ноември 2017 ● Прочитано 1980

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние вечерва изјави дека разговорите за процесот Жан Моне во моментов се прелиминарни и оти за нив треба да се согласни сите политички партии.

- Ние посакуваме Собранието овде да функционира, затоа што во моментов не функционира така добро како што би требало. Јасно е дека треба да се најдат начини повторно да се најде довербата меѓу политичките партии, но и методи за да може подобро да се работи заедно - рече Тимоние во интервју за Телма.

Потешкотијата за работење заедно, како што кажа, не е нова затоа што постоела и во претходниот парламентарен состав, како и во актуелниот.

- Вие треба да ги најдете решенијата бидејќи идејата е Македонија да влезе во ЕУ каде што постојано се постигнуваат компромиси. Првата работа што треба Македонците да ја направат е да се обидат прво меѓу себе да ги најдат компромисите или методите за работа за една парламентарна демократија која што би била функционална. Ние може да интегрираме само една функционална демократија - истакна францускиот амбасадор.

За тоа дали на евентуалните разговори во куќата на Жан Моне кај Париз би се направил обид за компромис за спорот со името, Тимоние рече дека за тоа може да се прават голем број шпекулации.

- Ако треба да се направи таа средба надвор од земјата тоа значи дека е неопходна дискреција поради причини кои можеби јас не ги знам. Но ако сакаме овој проект, кој што е добронамерен, да успее би било опасно да биде под лупата на телевизиите и на новинарите - посочи Тимоние.

Смета дека политичките партии и пратениците, кои што се платени за тоа од страна на граѓаните, треба да најдат начин самите да зборуваат, затоа што Македонија не е во граѓанска војна.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

МЗ: Комисија ќе истражува како починала родилката во приватната болница

Родилката починала во четвртокот, а во болницата требало да се породи со своето прво дете.

Магла на Плетвар видливост од 50 до 100 метри

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Стевананџија Данев и Димовски најдолго на собраниската говорница

Димитар Стевананџија од мај до август лани дискутирал 236 минути, Драган Данев со 233 минути и Илија Димовски 221 минута.

Пратениците ја почнуваат расправата за намалување на патните трошоци

За следната недела се најавени седници на три комисии кои ќе расправаат по предлото за измени на два закона од страна на СДСМ.

Пожар во стан во Карпош, нема повредени

Пожарот е изгаснат и е причинета само материјална штета, нп нема повредени.

НАЈЧИТАНИ