• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 73
МИА08:27 15 ноември 2017 ● Прочитано 447

Албанија се наоѓа на „црната листа“ на САД на земји во кои најмногу има перење пари од дрога и други криминални активности, изјави лидерот на албанската опозициска Демократската партија, Љуљзим Баша.

- Американскиот Стејт департмент годинава првпат Албанија ја стави на црната листа на главните земји во светот каде се перат пари и каде е констатирано дека банките вршат трансакции на големи суми добиени од меѓународна трговија со наркотици, изјави Баша.

Според лидерот на најголемата опозициска партија во Албанија, извештајот на Стејт департментот само ги потврдил обвнивањата на опозицијата за вмешаноста на Владата на албанскиот премиер Еди Рама во трговија со дрога.

Баша посочи дека во август 2017 година во друг меѓународен извештај за перење пари, Албанија била на третото место во светот.

- Владата на Рама тоне во криминал, а тоа негативно се одразува врз приливот на странски инвестиции, кои во изминатите четири години воопшто ги немаше, обвини Баша 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Талибанци убија осум полицајци во напад во централен Авганистан

Портпаролот на гувернерот на провинција наведе дека талибанците го нападнале полицискиот контролен пункт од четири страни, користејќи тешко оружје.

Земјотрес од 4,8 степени го стресе Пловдив

Епицентарот на земјотресот е на 2 километри североисточно од Асеновград, на 17 километри југоисточно од Пловдив и е на длабочочина од 10 км.

Маж се разнесе со бомба пред американската амбасада во Подгорица (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Непосредно пред самоубиството, лицето од крстосницата кај Спортскиот центар фрлило експлозивна направа во кругот на американската амбасада.

Во Мексико повредени 25 лица при експлозија на траект

Повредените се главно мексикански државјани, а има и тројца Канаѓани и двајца Американци.

Бројот на загинати во автобуската несреќа во Перу се искачи на 44 лица

Во несреќата се повредени 12 лица, кои со хеликоптери биле пренесени во болница.

НАЈЧИТАНИ