• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 73
МИА08:33 15 ноември 2017 ● Прочитано 580

Војници рано изутринава го зазедоа седиштето на зимбабвиската државна телевизија Зе Би Си, соопштија двајца вработени во медиумот.

Според западните медиуми, неколку силни експлозии одекнале во центарот на главниот град Хараре, по што војници биле распоредени на улиците низ градот и ја заземале државната телевизија. Кон неколкумина медиумски работници била употребена сила, но им било соопштено да не се вознемируваат, бидејќи војниците се таму за да ја чуваат телевизијата.

Случувањата ги зајакнуваат шпекулациите за државен удар врз 93-годишниот претседател Роберт Мугабе.

Засега не е познато која е причината за експлозиите.

Американската амбасада во Зимбабве соопшти дека денеска ќе биде затворена, а на својот персонал и своите државјани во земјата им порача да останат во своите домови поради политичката нестабилност.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Талибанци убија осум полицајци во напад во централен Авганистан

Портпаролот на гувернерот на провинција наведе дека талибанците го нападнале полицискиот контролен пункт од четири страни, користејќи тешко оружје.

Земјотрес од 4,8 степени го стресе Пловдив

Епицентарот на земјотресот е на 2 километри североисточно од Асеновград, на 17 километри југоисточно од Пловдив и е на длабочочина од 10 км.

Маж се разнесе со бомба пред американската амбасада во Подгорица (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Непосредно пред самоубиството, лицето од крстосницата кај Спортскиот центар фрлило експлозивна направа во кругот на американската амбасада.

Во Мексико повредени 25 лица при експлозија на траект

Повредените се главно мексикански државјани, а има и тројца Канаѓани и двајца Американци.

Бројот на загинати во автобуската несреќа во Перу се искачи на 44 лица

Во несреќата се повредени 12 лица, кои со хеликоптери биле пренесени во болница.

НАЈЧИТАНИ