• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 6
МИА08:44 15 ноември 2017 ● Прочитано 341

Собранието на Република Македонија денеска напладне треба да гласа за потребата од носење на Предлог – законот за употреба на јазиците, по што тој ќе влезе во втора фаза и пратениците ќе можат да поднесуваат амандмани по текстот.

По изјаснувањето, следува амандманска расправа во Комисијата за европски прашања бидејќи законот има европско знаменце. Расправата во Комисијата може да трае три дена, по што законот се враќа на пленарна седница пред пратениците во Собранието.

Според предлогот, законот предвидува, покрај македонскиот јазик, кој е службен на целата територија на државата, службен е и јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните. Во сите органи на државната власт – централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи, организации, комисии, службен јазик, покрај македонскиот, ќе биде и албанскиот. Истото важи и за единиците на локалната самоуправа.

Доколку претседателот на Собранието е Албанец, пленарната седница ќе може да ја води и на албански јазик. Личните документи и патните исправи на граѓаните по автоматизам ќе бидат издавани на службениот јазик што го зборува граѓанинот. Во судските постапки јавните обвинителства и сите други органи, тела и институции, покрај македонскиот, ќе се применува и албанскиот јазик.

За двојазичните банкноти, амблеми на војската и хартиите од вредност ќе решава Венециската комисија и доколку таа позитивно се произнесе, тие дополнително ќе бидат вградени. Во општините каде што Албанците се над 20 отсто, униформите на полицијата, пожарникарите и здравствoто ќе бидат и на албански, а на банкнотите ќе има културни елементи на Албанците, но не и текст на албански јазик.

Според предлогот, за спроведување на законот ќе бидат издвоени дополнителни средства од буџетот на Република Македонија поврзани со основањето агенција за примена на јазикот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Дончев: Фирмата на кумот на Груевски увезувала фалсификувани лекови

Лековите се произведени од сомнителен извор, а спакувани во оригинални амбалажи, кои во Македонија доаѓаат преку т.н. паралелен увоз, вели Дончев.

Министрите со мини-бус до Струмица

„Добрососедство. МКБГ во Струмица“, напиша министерката Радмила Шекеринска во краткиот коментар до фотографијата.

Димитров: Ако јас направам беља ќе кажам дека тоа бил Никола Попоски (ВИДЕО)

Димитров на Жаре му откри и многу интересен детал од времето кога беше советник на претседателот Борис Трајковски.

Џафери: Мајка Тереза е симбол на безгранична хуманост, љубов и грижа

Мајка Тереза е симбол на безгранична хуманост, на љубов и грижа токму кон оние кон кои животот бил немилосрден, изјави во Пореч, Талат Џафери.

Патријархот Неофит до Радев: Ќе бараме позитивно решение со МПЦ

Патријархот го уверил Радев во добрата волја на Бугарската патријаршија да се бараат патишта за успешно решавање на ова прашање.

НАЈЧИТАНИ