• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0
МИА08:47 15 ноември 2017 ● Прочитано 343

Во Македонија утрово е облачно со врнежи од дожд и дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во текот на денот врнежите од дожд на повеќе места ќе бидат обилни, особено во јужните и централните делови. Локално ќе има услови и за пороен дожд и грмежи. Максималната температура денеска ќе движи од 10 до 15 степени.

УХРМ информира дека најмногу дожд има наврнато во Маврово – 28 литри на метар квадратен, а најмалку во Крива Паланка и Виница само еден литар на метар квадратен. Во Гевгелија наврнале 26 литри на метар квадратен, во Лазарополе 24, Пожаране 22, Демир Капија 19, Крушево 16, Дојран и Претор 12, Дебар 10, Охрид 9, Битола 7, Тополчани и Тетово 6, Струмица и Зајчев Рид во Скопје 4, Петровец Скопје 3 и Штип и Прилеп 2 литри на метар квадратен.

Влажниот бран што ја зафати Македонија се очекува да предизвика зголемување на водостоите на реките, кои сеуште се под просекот за ноември.

Зголемување на водостојот се очекува на сите водотеци низ земјава, особено кај помалите каде се можни локални излевања. Од УХРМ предупредуваат на внимателно движење покрај водотеците, особено покрај помалите, и будно следење на состојбата во следните денови. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Сообраќајка го отсече Волково од Скопје, повредена ќерката на Шенка Колозова

На мостот помеѓу Ѓорче Петров и Даме Груев не можат да поминат ниту автобусите на јавниот превоз, а ситуацијата ја влошува и снежниот нанос.

Забрана за камиони и на Плетвар и Ѓавоато

Како што соопштија од ЈП „Македонија пат“ забраната за движење на тешки товарни возила на Ѓавато важи од 20:25 часот, а на Плетвар од 20:15 часот.

Родилката од Кичево била задушена од неправилно поставен тубус?

Воздухот наместо во белите дробови бил насочуван во цревата, а при направената обдукција се увидело дека цревата се полни со воздух, дознава Нова ТВ.

Густа магла на Шапка и на Стража

Намалена видливост од 15 до 20 метри поради појава на магла има на Попова Шапка и на планинскиот премин Стража до 100м.

МТСП апелира да им се помогне на бездомниците од студот

„Дежурните тимови ќе ги згрижат и сместат бездомниците во пунктот во Момин поток - Скопје или во некој од регионалните пунктови за сместување“.

НАЈЧИТАНИ