• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 6
Плусинфо08:53 15 ноември 2017 ● Прочитано 305

Во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork +)“ финансиран од ЕУ денеска во Скопје ќе се одржи Инфо ден за повик за доделување грантови на граѓански организации.

За реализација на проектите се предвидени средства во висина од 3.688.866 денари, или 60.000 евра. Максималниот износ за грант спроведуван на локално ниво изнесува 307.405 денари, а за грант спроведуван на национално ниво изнесува 614.811 денари. Најмалку 8 проекти ќе бидат поддржани и тоа четири на локално ниво и четири на национално ниво.

„Целта е да се придонесе кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање и следење на политики и за поддршка на реформите во Поглавје 20, како и да се промовираат нови пристапи, механизми и инструменти од областа на претприемништвото и индустријата на локално и национално ниво“, соопштуваат од Фондација за Претприемачки сервис за млади.

Воедно, додаваат оттаму, ќе се придонесе кон зголемувањето на свеста за важноста на Поглавје 20 во процесот на пристапување кон ЕУ.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Дончев: Фирмата на кумот на Груевски увезувала фалсификувани лекови

Лековите се произведени од сомнителен извор, а спакувани во оригинални амбалажи, кои во Македонија доаѓаат преку т.н. паралелен увоз, вели Дончев.

Министрите со мини-бус до Струмица

„Добрососедство. МКБГ во Струмица“, напиша министерката Радмила Шекеринска во краткиот коментар до фотографијата.

Димитров: Ако јас направам беља ќе кажам дека тоа бил Никола Попоски (ВИДЕО)

Димитров на Жаре му откри и многу интересен детал од времето кога беше советник на претседателот Борис Трајковски.

Џафери: Мајка Тереза е симбол на безгранична хуманост, љубов и грижа

Мајка Тереза е симбол на безгранична хуманост, на љубов и грижа токму кон оние кон кои животот бил немилосрден, изјави во Пореч, Талат Џафери.

Патријархот Неофит до Радев: Ќе бараме позитивно решение со МПЦ

Патријархот го уверил Радев во добрата волја на Бугарската патријаршија да се бараат патишта за успешно решавање на ова прашање.

НАЈЧИТАНИ