• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 6
МИА08:54 15 ноември 2017 ● Прочитано 564

Данска ја победи Република Ирска со убедливи 5:1 во реваншот од баражот за Мундијалот 2018 и стана 30. учесник на планетарниот фудбалски собир во Русија.

Данците синоќа во Даблин предводени од Кристијан Ериксен, полесно од очекувањата изборија учество на Светското првенство. На првата средба во Копехаген резултатот беше 0:0.

Ирците поведоа во 6. минута преку Шон Дафии и тоа е се што направија на овој дуел. Следуваше канонада кон нивниот гол. Најпрво Андреас Кристенсен во 29. минута изедначи, а потоа Ериксен погоди три пати (32, 63 и 74. минута). Конечниот резултат го постави Никлас Бентнер во 90. минута.

Денеска ќе се знае претпоследниот патник на Мундијалот во Русија. Од 10 часот играат Австралија – Хондурас (0:0 прв натпревар).

Последниот учесник на шампионатот ќе биде познат вечер по полноќ по средбата Перу – Нов Зеланд (0:0 прв дуел).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Вкупно 11 екипи со обезбеден пласман во нок аут фазата од Лига Европа

Во тек се уште 10 натпревари од петтото коло од ова натпреварување.

Јаневски: Задоволен од учинокот на мојот тим во вториот дел

Зенит на полувреме имаше водство од 2:0, а Вардар во последната минута преку Дејан Блажевски го намали водството на ривалот.

Македонија победи на гостувањето во Словачка

На гостувањето во Словачка избраниците на селекторот Јорданчо Давитков го победија домаќинот со 74:66 (23:22; 21:8; 15:13 и 15:23).

Младите македонски фудбалери подобри од врсниците од Турција

Македонската репрезентација ја победи Турција со 1:0 во вториот контролен натпревар кој се одигра во Скопје.

Македонија со свој претставник во АБА јуниор лигата

Двете првопласирани екипи од групите ќе играат на завршниот турнир во Лакташи.

НАЈЧИТАНИ