• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 71
МИА08:57 15 ноември 2017 ● Прочитано 1094

Даниел Сервер, експерт за Балканот и професор на американскиот универзитет Џон Хопкинс, во изјава за МИА оценува дека е можно во 2018 година да се направи пробив во решавањето на спорот за името и отстранување на блокадата за прием на Македонија во НАТО и почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Коментирајќи ги оптимистичките очекувања од Скопје, Атина, но и од Вашингтон, искажани преку заменик помошникот државен секретар на САД Хојт Ји, Сервер вели дека решение може да се најде особено во однос на приемот на Македонија во НАТО.

- Да, решение, барем, за членство во НАТО, е можно во 2018 година. Иако истата работа можев да ја кажам секоја година од Времената спогодба од 1995, условите (приликите) за тоа во моментов се ветувачки - истакнува Сервер.

За евентуалните реакции од Москва кога ќе дојде времето за прием на Македонија во НАТО и изјавата што во тој контекст ја даде премиерот Заев за црногорското радио „Антена 1“, Сервер наведува дека „Русите ќе пробаат се што можат за да ја спречат Македонија да влезе во Алијансата“.

- Притисок врз Грција, финансирање на анти-НАТО политичари, изнајмени демонстранти, интензивна пропаганда од РТ и Спутник, оружени провокации, дури атентат и државен удар, сето тоа ќе биде на нивното мени. Најдобро е да бидете подготвени за најлошото -вели Даниел Сервер во изјава за МИА.

Американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Ји минатата недела на дебата во Вашингтон изјави дека прашањето за името е досега на највисоко ниво и најблиску до изнаоѓање решение. Шефот на грчката диломатија Никос Коѕијас, пак, изјави дека очекува прашањето да биде затворено во првата половина на наредната година, а македонскиот премиер Зоран Заев, дека треба да се направи исчекор и оти сега има поголеми шанси од порано да се изнајде решение со Грција.

Нова рунда разговори на преговарачите на двете земји со посредство на Метју Нимиц, по подолга пауза, се очекува да биде одржана на 20 или 21 овој месец. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Во Велес ќе има две нови јавни претпријатија, за гас и за паркинзи

Коцевски најави и набавка на две нови возила за комунален отпад во високите стрмни делови од градот со тесни улички.

Заев: Максимална казна - јасна порака за случајот со девојчето од Домот „25 мај“

Ова монструозно нешто што му се случи на девојчето не треба да му се случи на ниту едно дете без разлика дали е во домовите или со своите семејства.

Шекеринска: Само со европско однесување на Балканот ќе дојдеме до резултати

Министерката за Дојче Веле вели дека Македонија е фокусирана на реформите, а членството во НАТО и ЕУ се можност за стабилен регион и економски развој.

Тунтев 10 години сонувал премиер како Зоран Заев

Тунтев 16 минути од собраниската говорница му се обраќаше на Заев со цитати од Мартин Лутер Кинг и со пофалби до премиерот.

МИЛЧИН Еве што сака стариот Милчин

Сакам Заев да не заборава дека доколку НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР! Правда нема. Мир има, има и револт кој расте затоа што правда има само за привилегирани.

НАЈЧИТАНИ