• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0
МИА09:02 15 ноември 2017 ● Прочитано 1289

Дебитантската стихозбирка „Еленот слуша виножито” од младата поетеса Магдалена Чапаровска вечер ќе биде промовирана во клубот „Менада“ во Скопје. Делото го издаде Издавачкиот центар „Три“.

Промотор на збирката ќе биде писателот и поет Стефан Марковски, а стиховите ќе ги чита младата актерка Владанка Димковска.

- Иако се работи за поезија која е инспирирана од актуелни, современи проблеми (ангажирана поезија), сепак песните во оваа книга се издигнуваат на повисоко естетско ниво благодарение на длабоката семантика и умножените значења - потенцира рецензентката Виолета Танчева-Златева за оваа прва поетска пројава на Чапаровска.

Според Танчева-Златева, се работи за стихови на млада личност која негува голема страст кон животот, има длабока смисла за детали, поседува префинета интуитивност и сензуалност, а сепак во позадина прозвучуваат со тон на длабока меланхолија, а наместа и иронија.

Магдалена Чапаровска (1983) е родена во Скопје. Дипломирала и магистрирала Општа психологија и советување во Солун. Пишува проза и поезија од рана возраст. Досега учествувала на повеќе литературни конкурси и фестивали. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Европска премиера на филмот Бикини Мун на Милчо Манчевски на ФЕСТ во Белград

Филмот е сниман во Њујорк на вистински локации каде Манчевски живее последниве 30 години.

И Музејот на ВМРО ќе оди на ревизија

Алаѓозовски ги отфрли обвинувањата дека отстранувањето на споменикот на Ќосето е направено согласно договорот со Бугарија.

Алаѓозовски: Најголем дел од спорните ситуации со Годишната програма се разрешени ВИДЕО

Министерот за култура најави дека исчистена е депонијата и дека почнува целосна ревитализација на Скопскиот аквадукт.

Беса: И во реформската Влада некој интервенирал за дискриминација на албанската култура

Беса смета дека се потврдуваат нивните предупредувања дека не може да има реформаторска влада со криминогени елементи наследени од претходната.

Изработен извештајот за спроведување на препораките на УНЕСКО за Охрид

Извештајот е изработен согласно одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.

НАЈЧИТАНИ