• 24 ноември 2017
  • Вести денес: 6
МИА09:04 15 ноември 2017 ● Прочитано 1038

Професори и студенти од Факултетот за музичка уметност-Скопје вечер од 20 часот на ФМУ ќе одржат јубилен концерт по повод 90 години од раѓањето и 10 години од смртта на музикологот и композитор проф. д-р Драгослав Ортаков (1928-2007).

На концертот, кој е во рамки на манифестацијата Есенски музички свечености, ќе бидат презентирани неколку дела од композиторскиот опус на Ортаков.

Тој е еден од основачите и професор на првата музичка високошколска установа во Македонија - Факултетот за музичка уметност во Скопје, на кој бил и декан од 1973 до 1975 година. Основач е на Музиколошкиот оддел на ФМУ во 1977 и втемелувач на музикологијата и на музичката византологија во Македонија. Ортаков е првиот магистер и прв доктор по музикологија во Македонија.

„Сестраниот ангажман и инкорпорираност на Ортаков се одразува во повеќе сегменти на македонската музика и културно живеење воопшто, преку еден плоден животен и работен век, кој сведочи за неговиот оригинален уметнички и научен лик во македонскиот духовен простор“, соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје која ги организира Есенските музички свечености. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Театарот „Војдан Чернодрински“ треба да биде самостојна институција

Театарот ја има претрпено најголемата штета во последните години, губејќи го брендот Народен театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп.

„Јадран филм“ ѝ врати 300.000 евра на Агенцијата за филм

Како ќе се наплати остатокот ќе сезнае по завршување на истрагата на ЈО и Финансиската полиција кои ја проверуваат документацијата, вели Тозија.

Промоција на книгата „Песна без зборови" од Весна Малјановска

Малјановска е музички теоретичар, педагог и новинар во културно- уметничката програма на Македонската телевизија.

Патувачката изложба „Ана Франк – Историја за денес “ од утревечер во Охрид

Водичи за посетителите ќе бидат млади волонтери, средношколци кои поминале обука за да ја раскажат приказната на Ана Франк.

Во Струмица премиера на претставата „Царот Владислав“

Ова е четврта премиера на НТ „Антон Панов“ за сезонава, а е работена по текст дебитантски текст на авторот, струмичанецот Борис Јанков.

НАЈЧИТАНИ