• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 71
МИА09:19 15 ноември 2017 ● Прочитано 2322

Многу куќи, патишта и автомобили се поплавени во поројните дождови што деновиве го зафатија јужниот дел на Грција.

Стариот пат од Атина до Коринт кај Неа Перамос утрово е претворен во река, и на него се заглавени повеќе автомобили. Грчката државна агенција АНА-МПА јави дека ситуацијата е слична и на новиот пат. Во тек е операција за извлекување на автомобилите и патниците кои се заглавени во водата.

Противпожарната служба добила повеќе од 160 повици за помош откако биле поплавени повеќе домови и автомобили во градот Мегара.

Од почетокот на неделава Грција е погодена од лошо време, кое според метеоролозите се очекува да продолжи до недела, а бурата „Евридика“ ги погоди островите и повеќе области во континенталниот дел на земјата. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Талибанци убија осум полицајци во напад во централен Авганистан

Портпаролот на гувернерот на провинција наведе дека талибанците го нападнале полицискиот контролен пункт од четири страни, користејќи тешко оружје.

Земјотрес од 4,8 степени го стресе Пловдив

Епицентарот на земјотресот е на 2 километри североисточно од Асеновград, на 17 километри југоисточно од Пловдив и е на длабочочина од 10 км.

Маж се разнесе со бомба пред американската амбасада во Подгорица (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Непосредно пред самоубиството, лицето од крстосницата кај Спортскиот центар фрлило експлозивна направа во кругот на американската амбасада.

Во Мексико повредени 25 лица при експлозија на траект

Повредените се главно мексикански државјани, а има и тројца Канаѓани и двајца Американци.

Бројот на загинати во автобуската несреќа во Перу се искачи на 44 лица

Во несреќата се повредени 12 лица, кои со хеликоптери биле пренесени во болница.

НАЈЧИТАНИ