• 17 декември 2017
  • Вести денес: 27
Плусинфо21:41 03 декември 2017 ● Прочитано 4122

Кога минатата недела претседателот на Република Српска, Милорад Додик, по пресудата на Хашкиот трибунал дека Ратко Младиќ е осуден на доживотен затвор за воени злосторства Младиќ го нарече херој, цела Хрватска беше шокирана. Денес, само неколку дена подоцна, хрватската политичка гарнитура, и десните и левите - со чесни исклучоци, како на пример Весна Пусиќ, Goran Beus Richembergh и нивните партии – постапува исто како и Додик. Се солидаризира со воените злосторници, ја велича злосторничката идеологија и го негира Хашкиот трибунал, кој е дел од хрватскиот судски систем, пишува Денис Ромац во Нови Лист.

Хрватската политика е согласна дека пресудата во Хаг на шестте воени и политички лидери на Херцег-Босна, како што ја најави пред некој ден шефот на Парламентот, Гордан Јандроковиќ, не ја уважува „историската вистина“ и поради тоа е неправедна и неприфатлива. Но, што всушност значи тоа? Дали одбивањето на пресудата за шестмината значи дека Хрватска стои зад сето тоа што го направиле и за што се осудени, дека ја презема колективната одговорност и последиците, иако Хрватска не е странка во спорот? И дека не ги прифаќа и останатите пресуди на Хашкиот трибунал, оние неправосилните за Младиќ и Караџиќ, но и тие ослободителните за Готовина и Маркач!? Затоа што три членови на Жалбениот совет кои ги потврдија пресудите на шесторицата беа и членови на Жалбениот совет за Готовина и Маркач - Агиус, Фаусто Покар и Теодор Мерон како претседател?

Ако, за хрватската политика пресудата е „неприфатлива“, како што се заклучи унисоно во Саборот, дали тоа значи дека Хрватска, како што некои сугерираат, ќе ја одбие? И дали пресудата во Хаг тогаш ќе престане да постои, како што за хрватските политичари едно време не постоеше ниту арбитражната одлука, иако во меѓувреме сфатија дека таа одлука и тоа како постои? Дали истото ќе се случи и со Хашката пресуда?

Во целата приказна е особено непријатно држењето на опозицијата, која би морала да проговори разборито одговорно токму во вакви ситуации, без оглед на краткорочните последици. А тоа во овој случај значи само една работа: да се признае промашувањето на поранешните политики, но богами и да се преземе одговорноста за извршените злосторства, што потоа ќе овозможи и солидарност кон жртвите. Парламентарната минута молчење „за сите жртви“, меѓутоа, беше лицемерна и безвредна, затоа што не почива на признание и одговорност, туку на негирање на злосторствата.

Социјалдемократите, додуша, не беа во собраниската сала на едноминутното молчење и изјавата за пресудата, но според претходните изјави на водечките СДП-овци, се чини дека партијата сега се обидува да направи чекор наназад, што само ја открива непринципиелноста што владее во таа партија. Арсен Баук вели дека СДП со минутата молчење не сакала да одаде почест на правосилно осудениот воен злосторник, ниту сака дополнително да ја оправдува промашената политика на ХДЗ во Босна и Херцеговина за време на деведесеттите години, иако не се согласува со тезата на хашјката пресуда дека постоел здружен злосторнички потфат.

Ако се знае дека поранешниот министер за правда од СДП, Орсат Миљениќ, кој едно време беше и шеф на владината канцеларија за соработка со Хашкиот трибунал, само еден ден пред тоа рече дека тој 17 години зборува дека Хашкиот трибунал е „лош суд“, кој извршил „лоша работа“ и кој најдобро „ никогаш да не постоел“, тврдејќи дека не гледа ниту еден доказ за постоење на здружен злосторнички потфат, тогаш конфузијата е потполна. А кога неговиот партиски шеф Бернардиќ вели дека е „сигурен“ дека Хрватска „никако“ не извршила агресија врз Босна и Херцеговина, и дека не постоел заеднички злосторнички потфат, и тоа откако и првостепениот и Жалбениот совет на судот во Хаг дојдоа до тој заклучок, тогаш можеме да заклучиме само дека и најголемата опозициска партија на досега невиден начин се солидаризирала и се идентификувала со трагичната политиката на Фрањо Туѓман и ХДЗ во деведесеттите.

Таа политика е единствената одговорна за злосторничкиот аспект на Херцег-Босна, Туѓмановото копирање на сепаратистичката Република Српска во Босна и Херцеговина, резервната опција за решение на распадот на Босна и Херцеговина, која, бидејќи тркалото на историјата се сврте спротивно, заврши на отпадот на историјата.

И токму околу таа политика во Хрватска дури и во деведесеттите години немаше единство. Напротив, контроверзната политика на Туѓман кон БиХ, по воспоставеното единство за време на војната во 1991 и 1993, повторно ја подели Хрватска, па дури и ХДЗ. На авантурата на Туѓман во Босна и Херцеговина јавно се спротивставија Стипе Месиќ и Јосип Манолиќ, кои се обидоа да направат неуспешен парламентарен пуч, а против погрешните политики стана и тогашната опозиција. Против беше и миротворниот благ кардинал Фрањо Кухариќ. Рачан тогаш зборуваше дека Туѓман, кога станува збор за БиХ, има една политика „на масата“ за светот, а за друга политика „под масата". До истиот заклучок дојде и Хашкиот трибунал.

Неговите наследници денес ја бранат де факто погрешната и злосторничка политика од деведесеттите години, негирајќи го Хашкиот суд, но, како што гледаме, и своите претходници. Сега само ни преостанува да видиме што е следниот чекор на СДП? Дали врвот откако се приклучи на ХДЗ во одбрана на злосториниците и нивните злосторства, сега ќе се приклучи и на срамната хајка на„предавниците“ и „отпадниците“, тие кои соработуваа со Хашкиот трибунал и на тој начин овозможија ваква пресуда“?
 

Подготви: А.Ј.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Или си Тито или не си: 2019 е преломна и за Србија и за регионот

До 2019 БиХ би требало да добие статус на кандидат, а Македонија би можела да започне со преговорите за членство во ЕУ.

Внука на Тито тврди дека нејзиниот дедо ѝ го дал името на Македонија

Терминот „Македонија“ секогаш се користел за поширока географска област, од која приближно 51% е дел од Грција, 38% од ПЈРМ и 9% од Бугарија.

Саем за вино во Солун - Вино не се меша со политика

На саемската манифестација имаше околу 140 учесници производители и трговци, но немаше претставници од Македонија.

Антисемитски графит покрена војна со зборови меѓу Русија и Бугарија

Русија под бугарски оган откако изјави дека е заслужна за спасување на бугарските Евреи од холокаустот во Втората светска војна.

Вистинска приказна за најсмртоносниот снајперист во историјата

Симо Хајха е пример за снајперистите од целиот свет кој го покажа и нивното значење на бојното поле.

НАЈЧИТАНИ