• 17 декември 2017
  • Вести денес: 27
МИА09:08 06 декември 2017 ● Прочитано 3488

Една од најголемите француски рок ѕвезди Џони Холидеј, почина минатата ноќ на 74-годишна возраст, по долга борба со рак на белите дробови.

Веста за смртта на пејачот утрово ја соопшти негова сопруга, но и Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.

- Џони Холидеј си замина. Го пишувам ова, а не можам да поверувам. Но, вистина е. Мојот сопруг повеќе не е меѓу нас. Ноќва не напушти како што живееше - смело и достојно - изјави неговата сопруга Летисија.

„Холидеј... Донесе дел од Америка во нашиот национален пантеон“, се наведува во соопштението на Макрон по разговорот со членови на неговото семејство.

Џони Холидеј беше познат како „францускиот Елвис Присли“, а инспирација за музиката црпеше од Чак Бери и Бади Холи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Меган Фокс ја откри тајната на својата совршена линија

„Морав строго да водам сметка за исхраната. Речиси јадев само протеини со многу малку јагленохидрати и шеќери“, рекла актерката.

Лекарите пронашле абнормалности во мозокот на Роби Вилијамс

На уметникот му е пропишана една недела интензивно лекување, по што е вратен дома во Лос Анџелес.

Се разделија Џенифер и Џастин

Џенифер и Џастин се запознаа на снимањето „Вондерласт“ 2012 година, а се венчаа пред три години

Џим Кери отворено за неговата битка со депресијата ВИДЕО

Тој отворено зборува за неговата битка во најновото интервју.

Хали Бери и Алекс да Кид ставаат крај на врската

За проблемите во врската се пишуваше и претходно, откако папараците го фотографирале Алекс со непозната девојка.

НАЈЧИТАНИ