• 17 декември 2017
  • Вести денес: 25
Плусинфо11:15 06 декември 2017 ● Прочитано 1733

Исчистени се 27 депонии и уредени 22 зелени потези на територијата на Општина Аеродром во рамки еко-акцијата што од 29 ноември до 4 декември беше спроведена во соработка со Град Скопје.

На терен во рамки на акцијата биле ангажирани 1.000 луѓе.

Расчистени се осум локации во населбата Јане Сандански, четири во Ново Лисиче, пет во Реонски Центар „Аеродром“ и Лисиче и десет во Мичурин, Стар Аеродром и Острово.

Од општината информираат дека продолжуваат со санирање на другите локации, како и со тековно уредување на сите јавни површини, а комуналните инспектори редовно интервенираат за да нема повторно собирање отпад.

„Ги охрабруваме граѓаните доколку забележат фрлање отпад на несоодветни локации, да пријават на телефонскиот број ‎076 316 515. Потсетуваме дека комуналните инспектори на општина Аеродром работат во две смени и викенди, односно се достапни секој ден од 08:00 до 22:00 часот“, соопшти општина Аеродром.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Без струја утре дел од жителите на Ѓорче, Карпош и Центар

Исклучувањето е поради закажани технички зафати на ЕВН Македонија во дистрибутивната електро мрежа.

Граѓаните побараа власта да се справи со загадувањето

Протестот беше организиран преку социјалните мрежи под мото „Станете за чист воздух“.

Младите либералдемократи понудија решенија за загадувањето

Од ЛИДЕМ сметаат дека децениските погрешни политики направија Македонија и Скопје да бидат најзагадени.

Скопјани на протест против загаденоста

Протестот е најавен преку Фејсбук под мотото „Станете за чист воздух“.

Општина Карпош донесе итни мерки за намалување на загадувањето

Градоначалникот Богоев апелираше компаниите да донираат пречистувачи за воздух и маски за граѓаните.

НАЈЧИТАНИ