• 17 декември 2017
  • Вести денес: 25
Плусинфо11:46 06 декември 2017 ● Прочитано 1385

Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек Јавниот повик за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на Градoт за 2018 година, а кој ќе трае до 18.12.2017 година.

На овој јавен повик може да се поднесат предлог-проекти за следните области:

1. Поддршка на проекти, манифестации и активности во доменот на професионалното, аматерското и младинското делување во следните области:
1.1 Изведбени уметности
1.2 Музички уметности
1.3 Визуелни уметности и уметност на новите медиуми
1.4 Издавачка и библиотечна дејност
1.5 Музејска дејност и промоција на културното наследство

2. Меѓународна соработка
3. Професионална, аматерска и младинска како поткатегории за секоја област.

На Јавниот повик имаат право да учествуваат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за култура и други позитивни законски прописи во Република Македонија.

Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени во „Службениот гласник на Град Скопје“ и на официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, со објавување на Програмата за финасирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Градот Скопје за 2018 година.

И оваа година, со цел добивање поквалитетни програми од јавните установи од областа на културата на Град Скопје, на официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, е објавен и Јавен повик за доделување средства за финансирање и поддршка на програмите на јавните установи од областа на културата основани од Градот Скопје, на кој 8-те установи од областа на културата ќе можат да поднесат апликации за предлог проекти. Повикот ќе трае до 18.12.2017 година.

Повикот за финансирање на јавните установи од областа на културата заедно со пријавата може да се подигне на следниот линk:
http://skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=654

Дополнителни информации може да се добијат на следните телефонски броеви: 02/ 3297-323, 02/ 3297-324, 02/ 3297-289 и на мејл адресата [email protected] 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Без струја утре дел од жителите на Ѓорче, Карпош и Центар

Исклучувањето е поради закажани технички зафати на ЕВН Македонија во дистрибутивната електро мрежа.

Граѓаните побараа власта да се справи со загадувањето

Протестот беше организиран преку социјалните мрежи под мото „Станете за чист воздух“.

Младите либералдемократи понудија решенија за загадувањето

Од ЛИДЕМ сметаат дека децениските погрешни политики направија Македонија и Скопје да бидат најзагадени.

Скопјани на протест против загаденоста

Протестот е најавен преку Фејсбук под мотото „Станете за чист воздух“.

Општина Карпош донесе итни мерки за намалување на загадувањето

Градоначалникот Богоев апелираше компаниите да донираат пречистувачи за воздух и маски за граѓаните.

НАЈЧИТАНИ