• 17 декември 2017
  • Вести денес: 25
МИА12:19 06 декември 2017 ● Прочитано 4324

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска изјави дека забраната за движење на моторни возила до Средно Водно важи и натаму, дека таа се почитува, освен во неделата кога, како што рече, несовесни граѓани го злоупотребиле отсуството на полицијата и ја прекршиле.

- В петок кога е државен празник и кога важи забраната ќе бидете сведоци дека во целост ќе го забраниме сообраќајот на возилата од 9 часот наутро до 16 часот попладне - рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање при посетата на пунктот за бездомници во Момин Поток.

Тој додаде дека е прилагоден и возниот ред на јавниот градски сообраќај, оти автобусите се почести со цел да не се создаваат гужви и граѓаните да можат да го користат.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Без струја утре дел од жителите на Ѓорче, Карпош и Центар

Исклучувањето е поради закажани технички зафати на ЕВН Македонија во дистрибутивната електро мрежа.

Граѓаните побараа власта да се справи со загадувањето

Протестот беше организиран преку социјалните мрежи под мото „Станете за чист воздух“.

Младите либералдемократи понудија решенија за загадувањето

Од ЛИДЕМ сметаат дека децениските погрешни политики направија Македонија и Скопје да бидат најзагадени.

Скопјани на протест против загаденоста

Протестот е најавен преку Фејсбук под мотото „Станете за чист воздух“.

Општина Карпош донесе итни мерки за намалување на загадувањето

Градоначалникот Богоев апелираше компаниите да донираат пречистувачи за воздух и маски за граѓаните.

НАЈЧИТАНИ