• 17 декември 2017
  • Вести денес: 25
Плусинфо12:23 06 декември 2017 ● Прочитано 5366

Семејството, полицијата, граѓаните, повеќе од 24 часа трагаат по професорката на Земјоделскиот факултет, Снежана Тројачанец, којашто е исчезната од вчера утрото.

Од дома излегла околу 6 часот наутро, а откако не се вратила и најблиските не знаеле каде е, во 12 часот нејзиниот сопруг пријавил во полициска станица. Службите во МВР интензивно трагаат по професорката, а преку објави на социјалните мрежи и порталите, информацијата бргу допре и до скопјани кои се мобилизираа и постојано споделуваат информации на кои локации и во колку часот провериле.

Она што е познато е дека Тројачанец од дома најверојатно излегла во бели пиџами со шари, кафена јакна со каиш и патики.
Се апелира ако некој ја препознае да пријави во полициска станица или веднаш да се јави на семејството: на сопругот Пламен - 078 257 878 или на еден од синовите, Филип - 078 261 126.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Без струја утре дел од жителите на Ѓорче, Карпош и Центар

Исклучувањето е поради закажани технички зафати на ЕВН Македонија во дистрибутивната електро мрежа.

Граѓаните побараа власта да се справи со загадувањето

Протестот беше организиран преку социјалните мрежи под мото „Станете за чист воздух“.

Младите либералдемократи понудија решенија за загадувањето

Од ЛИДЕМ сметаат дека децениските погрешни политики направија Македонија и Скопје да бидат најзагадени.

Скопјани на протест против загаденоста

Протестот е најавен преку Фејсбук под мотото „Станете за чист воздух“.

Општина Карпош донесе итни мерки за намалување на загадувањето

Градоначалникот Богоев апелираше компаниите да донираат пречистувачи за воздух и маски за граѓаните.

НАЈЧИТАНИ