• 17 декември 2017
  • Вести денес: 27
Плусинфо13:22 06 декември 2017 ● Прочитано 2021

Романот „Допирот на пијанистот“ од словенечкиот писател Мирт Комел, ќе биде промовиран во киното „Култура“, на 8 декември, со почеток во 20 часот.

На промоцијата на книгата ќе присуствува авторот, а разговорот со него ќе го водат Владимир Јанковски и Живко Грозданоски. Преводот на книгата од словенечки на македонски јазик е на Иванка Апостолова Баскар.

Романот „Допирот на пијанистот“ ја раскажува приказната за генијалниот њујоршки пијанист Габриел Голдман. Книгата се отвора кон читателот како калинка: неколку зрнца филозофски роман, неколку зрнца роман за уметноста, неколку зрнца љубовна приказна. Комел префинето ги комбинира јазичните игри и разновидните раскажувачки слоеви за да ја долови целата магија и проклетството на човекот надарен со невообичаен талент за свирење и создавање музика. Книгата може да се чита и како парабола за уметничкото творештво и за односот на големите уметници кон создавањето.

Мирт Комел е писател и филозоф, предавач на Факултетот за општествени науки и на Факултетот за филозофија во Љубљана. Автор е на бројни научни дела, а неговите книжевни дела варираат од драми и драмски песни до текстови за патување. „Допирот на пијанистот“ е негов прв роман.

Гостувањето на Мирт Комел во Скопје е поддржано од Јавната агенција за книга на Република Словенија. 

Издавач на книгата е „Готен“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Годишен концерт на КУД „8 Октомври“ од Крива Паланка

Гости на вечерта беа играорците од КУД „Младост“ од Ковин, Србија.

Поранешната директорка на Завод и музеј од Охрид го оштетила буџетот за 120 илјади евра

Бунташеска, која не постапила согласно судска одлука од декември 2009 година за отстранување ѕид зад Куќата на Уранија во Охрид доби и кривична.

Изложба на Јана Куновска во Гостивар

Изложбата со наслов „Фантазмагорија“ содржи десетина дела во голем формат, работени во мешана техника масло на платно и јаглен.

Маша и Медо денеска во Скопје

Најмладата публика ќе може во живо да ги види своите омилени јунаци, а руската актерска екипа специјално по овој повод доаѓа во Македонија.

Завршува филмскиот фестивал за монтажа „Синематик“

Фестивалот го организира Асоцијацијата на филмски професионалци и ТВ-соработници на Македонија со поддршка од Агенцијата за филм.

НАЈЧИТАНИ