• 17 декември 2017
  • Вести денес: 27
Плусинфо13:35 06 декември 2017 ● Прочитано 2070

Антон Ледерер, коосновач на Ротор-центарот за современа уметност во Грац, Австрија во вторник во 20 часот ќе одржи предавање во просториите на Музејот на современа уметност во Скопје, во организација на Музејот заедно со Проектниот простор Прес ту егзит.

Во своето предавање Антон Ледерер ќе се фокусира на прашањето за институционалните стратегии: Каква уметност сакаме да презентираме и да произведуваме, и, кому сакаме да му се обратиме преку нашите културни активности? Многу уметнички институции и иницијативи се соочуваат со истата ситуација: добро информирана, но релативно мала посетеност освен од експерти и љубители на уметност. Кои се начините преку кои можеме да ги привлечеме останатите заинтересирани за современа уметност, кои често мислат дека истата е премногу комплицирана и достапна само за искусните познавачи? Антон Ледерер ја следи идејата дека уметничката продукција која е поврзана со личните животни околности на луѓето и ги допира прашањата на денешното општество, може и треба да предизвика поголем интерес во јавноста.

Антон Ледерер е роден во Грац во 1970 година. Во 1994 година започнал со претставување на уметнички проекти наменети за јавноста во сопствениот дом. Заедно со Маргарете Маковец, една година подоцна, првичната иницијатива ја именуваат како „Соба за уметност“, за во 1999 година да го основаат Ротор центарот за современа уметност во Грац. Визуелна уметност е појдовна точка за нивните програми, со акцент на уметничката продукција која првенствено се занимава со социјални, политички, економски и еколошки прашања на современието. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Годишен концерт на КУД „8 Октомври“ од Крива Паланка

Гости на вечерта беа играорците од КУД „Младост“ од Ковин, Србија.

Поранешната директорка на Завод и музеј од Охрид го оштетила буџетот за 120 илјади евра

Бунташеска, која не постапила согласно судска одлука од декември 2009 година за отстранување ѕид зад Куќата на Уранија во Охрид доби и кривична.

Изложба на Јана Куновска во Гостивар

Изложбата со наслов „Фантазмагорија“ содржи десетина дела во голем формат, работени во мешана техника масло на платно и јаглен.

Маша и Медо денеска во Скопје

Најмладата публика ќе може во живо да ги види своите омилени јунаци, а руската актерска екипа специјално по овој повод доаѓа во Македонија.

Завршува филмскиот фестивал за монтажа „Синематик“

Фестивалот го организира Асоцијацијата на филмски професионалци и ТВ-соработници на Македонија со поддршка од Агенцијата за филм.

НАЈЧИТАНИ