• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Зоран Димовски12:13 07 декември 2017 ● Прочитано 1378

Најмногу заразни заболувања во месец октомври има евидентирано во Центарот за јавно здравје - Тетово. Во овој месец, статистиката говори дека имало 801 лице со акутна инфекција или 35 проценти од вкупните случаи во земјава, биле заболени од овој регион.

Најчести заболувања биле ентероколитите и овчите сипаници. На ова подрачје регистрирани се најголем број заразни заболувања во однос на бројот на жители, односно 250 од вкупно 100.000 жители имале некаква инфекција.

Големата бројка се должи на труењето на гостиварци што се случи во месец октомври, кога на цревни заболувања се пожалија над 700 пациенти.

Последните дополнителни анализи и резултати направени од Институтот за јавно здравје Скопје, не го откри причинителот за масовното труење на околу 700 гостиварци. Земените мостри од затруените, но и од водата за пиење, покажале микробиолошка и физичко-хемиска исправност.

Иако сите анализи што беа направени покажаа дека гостиварската вода е исправна за пиење, сепак, кај дел од институциите постои сомнеж дека таа ги затрула гостиварци. Од гостиварската болница претпоставуваат дека можеби водата била загадена, односно дошло до загадување само дента пред гостиварци да почнат да бараат лекарска помош поради мачнина, повраќање и слично. Тој ден, според оваа институција, можеби гостиварци консумирале вода, а таа се загадила поради големите врнежи од дожд кога водата не била ис-питана. Мострите од водата кои покажале добри резултати биле земени два дена подоцна.

Сезонски вирус е другата претпоставка која дел од институциите ја посочуваат како можен причинител за труењето.

Во Гостивар се регистрирани повеќе масовни труења. Но, кај сите е утврдена причината. Пред неколку години повеќе ученици од Средното економско училиште беа затруени со гас. Пред повеќе години, пак, ученици беа затруени со храна.

Во јули годинава починаа две лица од гостиварското село Симница од ханта-вирус, кој го добиле од глувци, најверојатно преку храна.

 



(Објавено во „Слободен печат“)
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Сообраќајка го отсече Волково од Скопје, повредена ќерката на Шенка Колозова

На мостот помеѓу Ѓорче Петров и Даме Груев не можат да поминат ниту автобусите на јавниот превоз, а ситуацијата ја влошува и снежниот нанос.

Забрана за камиони и на Плетвар и Ѓавоато

Како што соопштија од ЈП „Македонија пат“ забраната за движење на тешки товарни возила на Ѓавато важи од 20:25 часот, а на Плетвар од 20:15 часот.

Родилката од Кичево била задушена од неправилно поставен тубус?

Воздухот наместо во белите дробови бил насочуван во цревата, а при направената обдукција се увидело дека цревата се полни со воздух, дознава Нова ТВ.

Густа магла на Шапка и на Стража

Намалена видливост од 15 до 20 метри поради појава на магла има на Попова Шапка и на планинскиот премин Стража до 100м.

МТСП апелира да им се помогне на бездомниците од студот

„Дежурните тимови ќе ги згрижат и сместат бездомниците во пунктот во Момин поток - Скопје или во некој од регионалните пунктови за сместување“.

НАЈЧИТАНИ