• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 76
МИА09:10 07 декември 2017 ● Прочитано 1840

Големата акција за чистење на Скопје денеска и в сабота ќе се реализира во општина Карпош. На пет локации ќе се расчистува шутот, депониите и ќе се собираат сувите лисја.

Ќе се чисти зад ресторанот „Македонска куќа“,кај контејнерите, под мостот Газела, од страната на населеното место Злокуќани, мостот кај вливот на Лепенец во Вардар, во Жданец, на улицата „Теодосија Синаитски“ каде ќе се отстрануваат камења и шут, како и каналот за одвод на атмосферски води меѓу Трнодол и Жданец.

Во акцијата на Град Скопје ќе бидат вклучени механизација и човечки ресурси од градските власти и од општината. ЈП „Паркови и зеленило“ ќе се вклучи со шест специјализирани возила за транспорт на лисјата, a ЈП „ Улици и патишта“ ќе ги крпат ударните дупки на поголемите градски улици, на станбените и сервисните улици во општина Карпош. ЈП „Градски паркинзи“ ќе работи на расчистување на нивните паркиралишта кај Градската општа болницата „8 Септември“ и кај тенискиот клуб „АБЦ“, а ЈП „Водовод и канализација“ ќе работат на расчистување на сливниците и ќе помогнат и во транспортот на собраните лисја. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Богоев најави санкции за сите што го загадуваат Кејот на Вардар

Како една од првите критични локации е посочен Кејот на Вардар, односно мостот „Газела”, каде што честопати локалното население создава депонија.

На местото на Ќосето - дрво со плочка „Секој има исто право на праведно и јавно судење“!

Скопскиот градоначалник рече дека со отстранување на споменикот, започнува справувањето со проектот „Скопје 2014“.

Уметност на мраз на Skopje on Ice 2018

Во наредните два дена во Скопје ќе се одржи Вториот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice 2018“.

Општина Центар: Споменикот на Ќосето беше дивоградба

Констатирано едека спомен обележјето не е поставено на одобрената микро локација и издаденото решение од страна на Град Скопје, објаснуваат од Центар.

Тодор Петров му запали свеќа на Ќосето (ГАЛЕРИЈА)

Тој пред неполн половина час со такси дојде до местото каде беше поставен споменикот и запали свеќа.

НАЈЧИТАНИ