• 17 декември 2017
  • Вести денес: 27
МИА09:34 07 декември 2017 ● Прочитано 1184

Екипата на Вардар вечерва на Арена „Филип Втори“ против Розенборг ќе го одигра последниот натпревар од своето прво учество во фудбалската Лига на Европа.

Вардар во претходните пет кола запиша исто толку порази, па се надева дека на средбата со норвешкиот претставник ќе успеа да дојде барем до првиот бод.

И за Розенборг овој дуел ќе биде последен на евро-сцената оваа сезона, но и двете екипи најавуваат атак на трите бода, без оглед што средбата нема резултатско значење од аспект пласман во следната фаза.

Вардар ќе настапи без Ховханес Хамбарџумјан кој што има жолти картони, а Владица Брдаровски одамна не е во комбинација поради повреда.Тренерот Чедомир Јаневски најави извесни „рокади“ во составот.

Почетокот на натпреварот е во 21 часот и 5 минути.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Куманово и го нанесе вториот пораз на Блокотехна

Претходно, Работнички забележа убедлив триумф со 99-31 во дуелот против Карпош Соколи, а Фени Индустри го совлада Шкупи со 83-79

Работнички ја оствари десеттата победа

Работнички забележа убедлив триумф со 99-31 во дуелот од 10.коло против подмладениот тим на Карпош Соколи.

Слаб настап на македонските пливачи на ЕП во кратки базени

Девојките завршија на последното место во своите трки, додека Ангеловски зад себе остави само двајца противници.

Пораз на македонските кадети од Романија

Во првиот дел избраниците на селекторот Брестовац играа одлично во двата правца, а како резултат на таквата игра беше и предноста од два гола.

Соколов: Партизан има слаби точки кои треба да ги искористиме

МЗТ Скопје Аеродром, попладнево гостува во Белград кај Партизан во меч од 12.коло на регионалната АБА лига.

НАЈЧИТАНИ